Тортиља за слабеење по која полуде интернетот – потребни ви се само две состојки

Фото: Pexels
572

Оваа вирална тортиља зема замав на Тик-Ток и направи еден цел тренд, а нејзината популарност е целосно оправдана.

Оваа популарна тортиља чиј рецепт на Тик-Ток создаде цел тренд е всушност направена со само

две состојки преполни со протеини: јајца и урда, а не може да биде поедноставно за правење.

Инфлуенсерката Илана, која има два милиони следбеници на нејзиниот канал TikTok NutritionBabe и

објавува главно рецепти, исто така се приклучи на трендот на протеинска тортиља.

@nutritionbabe

This Viral Cottage Cheese Wrap Did Not Disappoint!!! Follow for more healthy, high protein recipes. This would make a perfevt dinner or snack with the 2B mindset program To make the wrap: Preheat oven to 350°F. Blend : 1 cup lowfat cottage cheese 1/2 cup egg whites 1 garlic clove 1/2 tsp dried basil Pour on a greased baking sheet and bake for 45 min. Its long but worth it. #cottagecheese #cottagecheesewrap #highproteinmeals #healthyrecipes #highproteinwrap #proteinrecipe

♬ original sound – NutritionBabe

Овој тренд на тортиља со урда е надвор од контрола и го обожавам, вели таа на почетокот на видеото.

Еве го рецептот:

Потребни ви се две јајца и едно пакување свежо кравјо сирење, приближно 300 грама. Иако во видеото Илана користи белки од тетрапак, тоа не е толку популарно кај нас, а рецептот ќе биде речиси ист и со две обични јајца.

Во блендер ставете ги сирењето, јајцата и некои зачини по желба, а ако немате блендер не грижете

се бидејќи тоа не е неопходно за овој рецепт.

Доколку немате блендер, смесата со јајца и сирење можете убаво да ја измешате со жица или виљушка, важно е да станат компактна смеса и да се добро изматени.

Потоа смесата треба да се прелие во калап на кој сте ставиле мрсна хартија за да не се залепи смесата.

Откако ќе ја израмните смесата во еден слој со еднаква дебелина, треба да се стави во загреана рерна 35 минути на 180˚C. И така добивте тортиља која сама има дури 35 грама протеини.

Како можете да ја искористите за оброк?

Откако ќе биде готова вашата тортиља, можете да ја наполните со какви состојки сакате.

Илана во видеото стави рукола, домат, авокадо, малку оцет балсамико и заврши со виткање на тортиљата.

Оваа верзија е одлична и за вегетаријанци бидејќи Илана не користи месни производи, а оваа тортиља можете да ја направите на сто други начини.

Еве еден со уште повеќе протеини:

Половина конзерва туна во саламура
Свежа краставица
Домати
Црн пипер
50 гр грчки јогурт измешан со мала лажица посен мајонез и половина чешне лук

Ставете ги сите овие состојки во тортиља, но погрижете се да не ја пренатрупате и ќе добиете задоволувачки оброк совршен за појадок, ручек и вечера, чиј рецепт постојано можете да го менувате.

Оваа тортиља е совршено здрава и одлична доколку сте во процес на слабеење или одржување на тежината бидејќи е нискокалорична и полна со протеини, што значи дека нема да одзема многу калории во текот на денот и ќе ве држи сити до вашиот следен оброк.