Тридневна диета со грозје: За брзо ослободување од неколку килограми, забрзување на метаболизмот и варењето

Фото: Pexels
117

Грозјето е идеална храна за чистење на телото од токсини

Оваа тридневна диета добро ќе им дојде на сите на кои им е потребна брза кура за да ослабне некој килограм и да се исчисти организмот од насобраните токсини, и изобилството на масна и слатка храна.

Грозјето е идеална храна за чистење на телото од токсини. Бобинките од бело и црно грозје содржат бројни витамини и минерали. Генерално, од ова овошје треба да јадеме многу бидејќи е богато со антиоксиданти, штити од слободните радикали и го забавува стареењето на организмот. Содржи биофлавоноид кој ја подобрува размената на материи, ја чисти крвта и клетките. Витамините од групата Б го зајакнуваат нервниот систем, ја негуваат косата и кожата, железото ја чисти крвта, калциумот ги зајакнува коските, јодот и манганот ја активираат хипофизата, а овошните киселини и ензимите ја подобруваат функцијата на бубрезите.

Тридневна диета

Диетата со грозје е одлична бидејќи грозјето е едно од најзаситните овошја, па затоа не би требало да се чувствувате како да сте на диета.

Прв ден – треба да изедете половина килограм грозје. Таа количина распоредете ја во текот на целиот ден, а грозјето најдобро е да се јаде помеѓу оброците. Имајте нормален појадок, ручек и вечера, но изберете храна со малку маснотии (варен зеленчук и месо од живина, јогурт и интегрални житарки)

Втор ден – треба да изедете 250 грама грозје. Покрај наведените намирници за првиот ден можете да јадете и варени јајца и сина или бела риба.

Трет ден – треба да изедете килограм грозје распоредено во текот на целиот ден. Грозјето ќе ве засити доста, но јадете ги редовно и другите оброци кои вклучуваат нискокалорична храна.

Ваквата диета ќе ја исчисти крвта, црниот дроб и другите внатрешни органи од токсините, а ќе го забрза метаболизмот и дигестивниот систем. Доколку имате чувствителен стомак, бидете внимателни со оваа диета бидејќи грозјето содржи многу влакна, па во поголеми количини може да предизвика грчеви и болки во стомакот.