Вкусен рецепт од јагоди го преплави Тик-Ток (ВИДЕО)

Фото: Pexels
612

Кај нас се познати зашеќерените јаболчиња кои сите ние ги сакавме како деца, а сега на Тик-Ток се хит различни видови зашеќерени овошја кои на оваа социјална мрежа се познати како тангхулу – традиционален кинески рецепт

Ако во последно време се движите низ Тик-Ток, голема е веројатноста дека сте налетале на видеа од вкусно овошје на дрвени стапчиња. Станува збор за тангхулу – традиционален кинески рецепт кој вклучува овошје обложено со слатка, крцкава обвивка на стапчиња од бамбус, што го прави идеална улична храна. Всусшност, ова е многу познато и кај нас, со тоа што тука се прават само зашеќерени јаболчиња кои сите ние ги јадевме и ги сакавме како деца. Првично, тангхулу се однесувало исклучиво на кинески глог обложен со шеќер, но подоцна се појавиле сорти на различни овошја како што се јагоди, киви, грозје и портокали.

Самото овошје не е зашеќерено, а за сладоста придонесува премазот од само две состојки – шеќер и вода. Со оглед на тоа дека сезоната на јагоди е во тек, рецептите за тангхулу направени од ова овошје моментално се најбројни, а на Тик-Ток можете да најдете бројни совети кои уште повеќе го олеснуваат процесот на подготовка. На пример, за подобар резултат боцнете на стапче само една јагода и премачкајте ја со сируп, а потоа продолжете со нижење на овошјето. Во продолжение ви пренесуваме едноставен и вкусен рецепт за тангхулу од јагоди!

Состојки:

Јагоди

Шеќер и вода во сооднос 2:1

Приготвување:

Измијте ги и исушете ги јагодите. Боцнете ги на едниот крај од стапчето. Водата и шеќерот заедно сварете ги на средна температура додека не добиете сируп. Потоа потопете ги јагодите во сирупот и ставете ги на хартија за печење да се изладат и да се стврднат (или потопете ги во ледена вода).