Вкусно, сочно и здраво: Рецепти со сливи готови за час

Фото: Pexels
3.805

Придобивките од овие плодови се многубројни. Затоа мора да ги вклучите во вашето мени, па макр и во форма на десерти. Секако, станува збор за здрави и брзи десерти

Сливите се суперовошје кое е богато со витамин Ц, минерали и други корисни хранливи материи неопходни за здравјето, телото и општото функционирање. Тие се толку мали, а сепак толку моќни!

Богати се со хранливи материи и имаат бројни лековити својства како што се стимулирање на варењето бидејќи се богати со диетални влакна, го регулираат крвниот притисок поради калиумот (кој го балансира дејството на натриумот во организмот) кој се наоѓа во нив, а исто така добро делуваат и на срцето и целиот кардиоваскуларен систем.

Интересно е и тоа што оваа мала намирница содржи бета-каротен и витамин Е, а исто така добар е фактот што во 100 грама слива има само 45 калории.

Иако ова овошје е најдобро да се јаде сирово и ви препорачуваме најчесто да го консумирате на тој начин, сливите сепак се користат во разни рецепти и варијанти – од подготовка на џем, компот и разни други слатки и солени јадења.

Рецепти со сливи кои треба да ги пробате
Здрава пита со сливи

Состојки:

300 гр сливи (пресечени на половини)

200 гр интегрално брашно

100 гр овесни снегулки

3 лажици кокосово масло (или маслиново масло)

3 лажици мед или јаворов сируп

1 јајце

1 лажичка прашок за пециво

1 лажичка цимет

прстофат сол

Подготовка:

Загрејте ја рерната на 180 °C и подгответе плех обложен со хартија за печење.

Во еден сад измешајте интегрално брашно, овесни снегулки, прашок за пециво, цимет и прстофат сол.

Во друг сад измешајте ги стопеното кокосово масло, медот и јајцето. Додадете ги сувите состојки на влажните и добро измешајте.

Ако смесата е премногу густа, додадете малку растително млеко.

Половина од тестото распоредете го на дното на тавата, а потоа додадете ги сливите одозгора и покријте ги со остатокот од тестото.

Печете 30-40 минути додека питата не порумени.

Почекајте да се излади пред да го исечете на парчиња и да го послужите.

Здрави енергетски колачи со сливи и јаткасти плодови
Состојки:

150 гр суви сливи (исечени на парчиња)

100 гр бадеми или ореви (сечкани)

100 гр овесни снегулки

2 лажици мед или јаворов сируп

2 супени лажици путер од кикиритки или бадеми

1 лажичка цимет

1 лажица чиа семе (по избор)

Подготовка:

Во сад измешајте ги овесните снегулки, сечканите ореви, чиа семето и циметот.

Во тава загрејте го путерот од кикиритки со мед додека не стане течен.

Измешајте ги течните состојки со сувите, додадете ги сливите и потоа сè добро измешајте. Обликувајте ја смесата во мали колачиња и ставете ги на плех обложен со хартија за печење.

Ставете ги во фрижидер барем еден час да се стегнат. Послужете како здрава ужина.

Здрав десерт во чаша со сливи и грчки јогурт
Состојки:

200 гр сливи (исечени на парчиња)

200 гр грчки јогурт

2 лажици мед

1 лажичка цимет

50 гр гранола или јаткасти плодови

Подготовка:

Во тава на тивко варете ги сливите со мед и цимет додека не омекнат.

Во чашите ставете слој грчки јогурт, потоа сварените сливи, па повторете ги слоевите додека не се наполни чашата.

Одозгора ставете гранола или јаткасти плодови по желба.

Послужете веднаш или ставете го десертот во фрижидер да се излади и потоа послужете.

Брз пудинг од чиа семе и сливи
Состојки:

4 сливи (сечкани)

200 мл млеко од растително потекло (бадем, кокос или овес)

3 супени лажици чиа семе

1 лажица мед или јаворов сируп

1 лажичка ванила (по избор)

Подготовка:

Во сад измешајте растително млеко, чиа семето, медот и ванилата. Добро измешајте и оставете го да отстои во фрижидер најмалку два часа (или преку ноќ) за чиа семето да ја впие течноста и пудингот да стане густ.

Кога пудингот е готов, одозгора додадете сечкани сливи и послужете.

Здрава крамбл со сливи
Состојки:

300 гр сливи (исечени на парчиња)

100 гр овесни снегулки

50 гр јатки (бадеми или ореви, сечкани)

2 лажици кокосово масло

2 лажици мед или јаворов сируп

1 лажичка цимет

Подготовка:

Загрејте ја рерната на 180 °C и ставете ги сливите во мал сад за печење.

Измешајте ги овесните снегулки, јатките, кокосовото масло, медот и циметот во сад.

Распоредете ја смесата врз сливите.

Печете 20-25 минути додека сливите не омекнат, а крамблот не стане крцкав.

Послужете топло, по желба со грчки јогурт.

Интегрални мафини со сливи и цимет
Состојки:

200 гр интегрално брашно

2 лажички прашок за пециво

100 гр грчки јогурт

2 лажици мед

1 јајце

100 мл растително млеко

1 лажичка цимет

6-8 свежи сливи (сечкани)

Подготовка:

Загрејте ја рерната на 180 °C и подгответе калап за мафини.

Во сад измешајте брашно, прашок за пециво и цимет.

Во друг сад измешајте ги јајцето, јогуртот, медот и растителното млеко.

Во сувите состојки додадете ги влажните состојки и убаво измешајте.

Потоа додадете ги сечканите сливи.

Смесата распоредете ја во калапи за мафини и печете 20-25 минути додека не поруменат, а потоа изладете ги и послужете.

Енергетски топчиња со сливи и овесни снегулки
Состојки:

150 гр сливи

100 гр овесни снегулки

2 лажици кокосово масло

2 лажици мед или јаворов сируп

30 гр кокосови снегулки

Подготовка:

Во блендер ставете сливи, овесни снегулки, кокосово масло и мед.

Блендирајте додека не добиете леплива смеса.

Од смесата обликувајте топчиња и извалкајте ги во кокосови снегулки.

Топчињата ставете ги во фрижидер најмалку еден час пред да ги послужите за да се стегнат.