Во водата во која се вари цвеклото, додадете лимон, ама не солете: Трикови кои постојано ќе ги користите

Фото: Pexels
2.354

Ако правилно го зготвите, од цвекло можете да ги направите најубавите салати, како и сос за шпагети.

Цвеклото е здрав зеленчук и ако го јадете редовно, ќе му помогнете на вашиот организам. Помага за чистење на бубрезите, крвта и црниот дроб, го подобрува видот и дигестивниот тракт… Готвењето нема да ги уништи неговите корисни својства, но ќе му треба многу време за да омекне. Ја губи бојата со долгото готвење, а за да не се случи тоа, следете ги овие едноставни правила кои ќе му ги зачуваат и бојата и вкусот.

Како се готви цвекло?
Некои домаќинки, кога варат цвекло, прво го лупат, но не правете го тоа. Само ставете го во тенџере и покријте го со вода и никогаш не додавајте сол, бидејќи така само ќе го продолжите времето на готвење. Потоа ставете 1/2 лажичка сок од лимон (ако немате, може да ви послужи и оцетот). Ова е количина за 3 л вода.