Време е за правење мармалади! Еве како да не ви се расипат!

Фото: Unsplash
551

Само малку од оваа состојка го спречува создавањето на мувла. Го препорачуваат домаќинки кои веќе го пробале.

Како што излегуваат овошјата, така домаќинките почнуваат со приготвувањето на мармалади, со желба да ги зачуваат омилените овошни вкусови за долгата ладна зима.
Џемот често се користи за различни намени, можете да го намачкате на леб, на палачинки, да направите колачи… Секако, вкусот на домашниот мармалад е подобар од купениот во продавница, а сега е вистинското време да го направите.

Можете да го користите секое овошје што го сакате бидејќи сега е сезона, па одберете го она што најмногу ви се допаѓа и почнете да подготвувате.

Правењето џем не е комплицирано, но потребно е малку време, особено ако правите големи количини. Но, крајниот производ вреди за секој напор. Затоа и кошмар на секоја домаќинка е кога ќе види мувла на својот џем. За да не се случи тоа со вашиот домашен производ, постои едноставно решение кое многумина го пробале. Додека го готвите, додадете лимонска киселина (лимонтус) и џемот нема да се расипе. За 1 кг овошје користете третина лажичка лимонска киселина. Се додава 5 минути пред крајот.

Инаку, ако се прашувате, станува збор за многу чест и безопасен додаток на многу производи. Е 330 е ознака за лимонска киселина (лимонтус) и се наоѓа во соковите, мајонезот, сенфот и конзервираните производи. Тој е еден од најчестите адитиви кои се користат денес, но и предмет на голема заблуда. Имено, лимонската киселина (Е 330) е сосема безопасна, а некои научници дури ѝ ја припишуваат улогата на антиоксидант (што значи дека ги неутрализира слободните радикали во телото, кои доведуваат до стареење на клетките и можат да предизвикаат разни болести).

Лимонската киселина е дел од природниот циклус во клетките, кој по него се нарекува и циклус на лимонска киселина. За овој циклус има и други имиња, а едно од нив е Кребсовиот циклус, вели германскиот научник Ханс Кребс, кој за ова откритие ја добил Нобеловата награда во 1953 година (заедно со Американецот Липман).