Вртоглавица, проблеми со меморијата, депресија… На што треба да обрнат внимание сите, а особено веганите и вегетаријанците?

Фото: Pixabay
470

Многу луѓе страдаат од недостаток на витамин Б12, но симптомите понекогаш лесно може да се помешаат со друга состојба. Ако чувствувате вртоглавица, проблеми со меморијата, депресија…, имајте на ум и дека се ова главните симптоми на недостаток на витамин Б12

Ретко кој би помислил дека симптомите како вртоглавица или депресија се поврзани со недостаток на витамин, но токму тоа може да биде случај кога станува збор за витамин Б12.

Без доволно витамин Б12, нашето здравје страда, а губењето на енергијата е забележливо. Бидејќи игра клучна улога во претворањето на јаглехидратите, протеините и мастите во енергија, неопходно е да се има соодветно ниво на витамин Б12 за да се искористи целата енергија добиена од храната.

Сооглед на тоа што го има во достапните производи, недостатокот на овој витамин не е вообичаена појава, но има ранливи групи, како што се вегетаријанците, веганите и оние кои страдаат од анемија. Витаминот Б12, исто така наречен кобаламин, е витамин растворлив во вода кој природно е присутен во храната како риба, месо, живина, јајца, млеко и млечни производи. Неговата клучна улога е да не заштити од анемија, главниот виновник за чувството на замор и слабост, односно да му обезбеди на телото доволно црвени крвни зрнца кои успешно ќе транспортираат кислород низ телото. Експертите затоа советуваат редовно да се проверува нивото на овој витамин во организмот, особено ако имате проблеми со варењето, стареете или консумирате алкохол.

Еве ги симптомите кои ќе откријат недостаток на витамин Б12 во телото:

Вртоглавица
Ако често губите рамнотежа и имате вртоглавица треба да посетите лекар. Вртоглавицата е често симптом на низок крвен притисок, што е честа последица од недостатокот на овој витамин.

Проблеми со видот
Внимавајте ако се појави овој симптом бидејќи може да биде резултат и на недостаток на витамин Б12. Овој есенцијален витамин служи за правилно функционирање на нервите, а недостатокот може да го оштети оптичкиот нерв, кој пренесува информации и сигнали од окото до мозокот.

Проблеми со меморијата
Никогаш не ја игнорирајте оваа промена бидејќи може да укаже на проблеми кои бараат лекарски преглед. Исто така, недостатокот на витамин Б12 може да резултира со блага форма на деменција, што во никој случај не е мал проблем.

Депресија
Иако не е целосно јасно како витаминот Б12 влијае на развојот на толку сложена болест како депресијата, некои студии велат дека кај пациентите забележуваат недостаток на витамин Б12 во телото. Поради оваа причина, терапевтите често им препишуваат 1 мг од овој витамин на пациентите со депресија.

Дијареа и надуеност
Поради недоволната апсорпција на овој витамин, клетките во дигестивниот систем не можат да примат доволно количество кислород, што може да доведе до проблеми како дијареа, надуеност, запек, губење на апетит или зголемување на телесната тежина.

Слабост во мускулите
Слабоста во мускулите е јасен симптом на недостаток на витамин Б12 бидејќи и тие нема да добијат доволно кислород за да можат да учествуваат во сите секојдневни активности.

КАКО ДА ОТКРИЕТЕ ДЕКА ИМАТЕ ДЕФИЦИТ НА ВИТАМИН Б12?
Наједноставниот начин е да проверите дали на вашето тело му недостасува витамин Б12 е преку крвни тестови.