Замена за месо можат да бидат и намирници од пазар: Најдобра алтернатива се оние богати со протеини

Фото: Freepik
390

Храната која се смета за замена за месо е добар извор на протеини, а истражувањата покажуваат дека тие можат да им помогнат на луѓето да се чувствуваат сити подолго време, намалувајќи го ризикот од прејадување.

Исклучувањето на месото од исхраната се практикува од повеќе причини – од одлуката да се премине на вегетаријанска исхрана, од етички причини или од здравствени причини бидејќи месото може да предизвика дигестивни симптоми како што се дијареа или запек кај некои луѓе. Всушност, студиите открија докази дека јадењето црвено месо може да го зголеми ризикот од гастроинтестинална состојба наречена дивертикулитис.

Храната која може да биде замена за месо содржи многу протеини
Без оглед на причината зошто на човекот му е потребна замена за месо, експертите наведуваат дека е од витално значење да се знае која храна може да ги обезбеди хранливите материи што му се потребни на човекот, првенствено протеините. Некои замени за месо се добри извори на протеини, неопходни за човечкото тело, а истражувањата покажуваат дека протеинот исто така може да му помогне на човекот да се чувствува сито подолго време, намалувајќи го ризикот од прејадување. За среќа, многу од храната што може да се користи како замена за месо е богата со протеини од растително потекло.

Зошто протеините се важни во исхраната?
На телото му требаат протеини за да остане здраво и да функционира правилно. Повеќе од 10.000 видови на протеини се наоѓаат во комплетниот организам – од органите, преку мускулите и ткивата до коските, кожата и косата. Протеините се клучен дел од процесите, кои поттикнуваат енергија и го пренесуваат кислородот низ телото преку крвта. Тие, исто така, помагаат да се создадат антитела, кои се борат против инфекции и болести и помагаат во одржување на здрави клетки и создавање на нови. Недостатокот на протеини во исхраната може да доведе до здравствени проблеми. На пример, ткивото може да се распадне и да доведе до губење на мускулите. Лекарите нагласуваат дека премногу протеини не мора да значи дека е подобро за организмот. Вишокот протеини, на пример, може да се складира во телото во форма на маснотии.

Речиси секој треба да добие од 10 до 35 отсто калории секој ден во облик на протеини.

Која храна е најдобра замена за месото?

Карфиол
Со својата природно висока содржина на витамини, минерали и влакна, карфиолот е добра замена за месото. Карфиолот е многу хранлив – богат со витамини, хранливи материи и растителни влакна. Околу 300 грама од овој зеленчук содржи само 30 калории и 5 грама јаглехидрати, а се покажа како ефикасна прехранбена состојка против стареење, се наоѓа на листата на најдобри антиинфламаторни намирници, а има и анти-канцерогени својства. Карфиолот е богат со витамин Ц, кој успешно го намалува холестеролот и го подобрува протокот на крв за да помогне во контролата на шеќерот во крвта. Исто така е добар извор на витамин К, кој ги зајакнува коските и ја згрутчува крвта, богат е со влакна и фолати и витамин Б со антиоксиданти.

Модар патлиџан
Модриот патлиџан има месната внатрешност која добива кремаста конзистенција кога се подготвува, а оваа текстура го прави добра замена за месото. Иако не е најхранлив зеленчук, тој обезбедува пристојно снабдување со калиум и влакна. И со само 25 калории и помалку од 1 грам масти по порција, модриот патлиџан се смета за безопасна храна – се додека не го натопите во масло. Содржи антиоксиданти како што се витамините А и Ц, кои помагаат во заштитата на клетките од оштетување. Исто така, тој е богат со природни растителни соединенија наречени полифеноли, кои можат да им помогнат на клетките подобро да го обработуваат шеќерот доколку некое лице има дијабетес. Студиското истражување спроведено на клетките покажува дека модриот патлиџан штити од видовите на оштетување на ДНК што доведуваат до развој на рак, за што и натаму се спроведуваат истражувања.

Печурки
Печурките се еден од најпопуларните зеленчуци кои го заменуваат месото и се нарекуваат „шумско месо“, најмногу поради нивниот вкус и месна текстура. Одредени сорти се доволно големи за да се јадат како плескавици и доволно цврсти за да се „фрлат на скара“ без да се распаднат. Исто така, тие се користат како одлична замена за говедско месо во гулаш. Печурките се нискокалорична храна богата со многу витамини, минерали и антиоксиданти кои го зајакнуваат здравјето. На пример, печурките одгледувани под ултравиолетова светлина се добар извор на витамин Д – важна компонента за здравјето на коските и имунолошкиот систем. Тие се исто така богати со цинк, витална хранлива материја за имунолошкиот систем.
Дополнително, студиите докажаа дека печурките го намалуваат крвниот притисок затоа што се значаен извор на калиум, хранлива материја позната по тоа што ги намалува негативните ефекти што натриумот може да ги има врз телото. Калиумот исто така ја намалува напнатоста во крвните садови и потенцијално помага во намалување на крвниот притисок. Истражувањето, исто така, откри дека печурките помагаат во стимулирање на макрофагите во имунолошкиот систем, зголемувајќи ја неговата способност да ги победи туѓите тела, што го прави лицето помалку подложно на сериозни болести.
Наут
Наутот е вид на мешунки од исто семејство како гравот и кикиритките, со кремаста текстура и вкус на јаткасти плодови. Помага да се контролира шеќерот во крвта бидејќи има низок гликемиски индекс, што значи дека телото полека ги апсорбира и вари. Наутот содржи и бавно сварлив скроб наречен амилоза. И двете работи помагаат да се спречи пребрзо зголемување на шеќерот и инсулинот во крвта и се препорачува за луѓе со дијабетес. Наутот е богат со диетални влакна, особено со растворливи влакна наречени рафиноза.
Добрите бактерии во цревата ги разградуваат за да може дебелото црево полека да ги вари. Истражувањата покажаа дека редовното консумирање наут може да го помогне процесот на движење на дебелото црево и да го направи поредовно. Истражувањата покажуваат дека наутот може да го намали холестеролот – и вкупниот холестерол и ЛДЛ „лошиот“ холестерол, а со тоа го намалува ризикот од срцеви заболувања. Наутот е познат и по тоа што кога човек го јаде, телото произведува масна киселина со краток синџир наречена бутират. Во студиите се покажа дека бутиратот помага да се ослободи телото од заболените клетки кои изумираат, а со тоа го намалува ризикот од рак на дебелото црево. Исто така, содржи соединенија кои се борат против ракот, како што се ликопен и сапонини.
Грав

Гравот е одличен извор на влакна кои штитат од срцеви заболувања, висок холестерол, висок крвен притисок и дигестивни болести. Со конзумирање на грав, телото добива нискокалорични протеини со мала содржина на масти и протеини, кои веќе имаат мешани влакна и јаглехидрати. Тој е особено добар за градбениот блок на протеини, наречен лизин, кој често им недостасува на вегетаријанците. Истражувањата покажуваат дека гравот може да го намали ЛДЛ „лошиот“ холестерол, да помогне во спречување на дијабетес и контрола на високиот шеќер во крвта, што е и причина и симптом на болест.