Знаете ли што е јапонска вода? Согорува масти на стомакот, грбот и бутовите

Фото: Pexels
1.036

Напитокот делува така што го забрзува метаболизмот и му помага на телото да согорува масти, без штетни последици. Покрај придобивките за линијата, има и низа корисни ефекти врз здравјето.

Интернетот е преплавен со безброј диети, рецепти и лекови за слабеење. Веројатно веќе сте пробале некои и сте заклучиле дека некои делуваат, а некои не.

Еден таков рецепт се издвојува по својата ефикасност и брзи резултати – водата со ѓумбир. Водата со ѓумбир помага во согорувањето на маснотиите дури и од места каде што се тврдокорни, како стомакот, грбот и бутовите. Покрај тоа што ќе придонесе за слабеење, ќе има и добар ефект врз целокупното здравје и ќе заштити од бројни болести, бидејќи активната состојка на ѓумбирот, џинџеролот, има антиинфламаторни својства.

Напитокот делува така што го забрзува метаболизмот и му помага на телото да согорува масти, без штетни последици. Покрај придобивките за линијата, има и низа корисни ефекти врз здравјето.

Корисните ефекти на јапонската вода за здравјето

Го нормализира крвниот притисок – редовното пиење вода со ѓумбир придонесува за регулирање на крвниот притисок, и го спречува создавањето на згрутчување на крвта, за кои се знае дека се смртоносни.
Ја намалува појавата на инфекции – ѓумбирот со векови се користи против разни инфекции, вклучувајќи настинка и грип.
Има антиинфламаторно дејство – напитокот има силни антиинфламаторни својства кои го прават идеален лек против воспалителни болести како артритис и гихт.
Ја подобрува циркулацијата – ѓумбирот има способност да ја зголемува циркулацијата главно поради присуството на железо и цинк. Двата минерали можат да го подобрат протокот на крв и да спречат голем број проблеми поврзани со слабата циркулација.
Ги намалува симптомите на настинка и грип – редовното консумирање ѓумбир го подобрува имунолошкиот систем.
Го регулира варењето – водата со ѓумбир ги елиминира непријатните дигестивни проблеми како што се варење, надуеност, рефлукс на киселина и запек.
Ја ублажува болката во зглобовите – благодарение на неговите антиинфламаторни својства, редовното консумирање вода од ѓумбир ќе ја спречи болката во зглобовите.

Рецепт
Состојки:

1,5 л вода
Неколку тенки листови ѓумбир (најмалку 1 цм ѓумбир)
Малку сок од лимон
Пијте секој ден

Приготвување:

Оставете ја водата да зоврие, а во меѓувреме излупете го ѓумбирот и исечете го на кришки.
Во зовриената вода додадете го ѓумбирот и варете додека не омекне.
Се трга од оган, се лади и се додава сок од лимон.