Зошто е добро да се јаде киви секој ден?

Фото: Pexels
410

дна студија сугерира дека антиоксидантот и витаминот Ц присутни во кивито може да помогнат дури и во лекувањето на астмата.

Неодамнешното истражување сугерира дека кивито може да има голем број здравствени придобивки, a една од нив е клучна за закрепнување од (интензивно) вежбање.
Според студијата објавена во списанието Nutrients, елитните тркачи кои јаделе по две киви дневно во текот на еден месец, го намалиле оксидативното оштетување поради интензивниот физички тренинг. Спортистите кои рутински тренираат со висок интензитет обично земаат големи количини кислород кога вежбаат, објаснил нутриционистот Метју Кејди.

Иако кислородот е неопходен за контракција на мускулите, со вдишувањето премногу материи може да се зголеми и бројот на слободните радикали во телото.

Што е оксидативен стрес?

Оксидативниот стрес може да ја оштети ДНК со текот на времето, како и есенцијалното масно ткиво и протеините во телото. Како резултат на тоа, може да се појават здравствени проблеми, вклучувајќи хипертензија, дијабетес, атеросклероза, па дури и Алцхајмерова болест.

Оксидативниот стрес може да биде предизвикан од интензивно вежбање, но и со консумирање пестициди кои се на овошјето и зеленчукот, загадувачи на воздухот, па дури и конзумирање на храна богата со шеќер, масти и алкохол.

Затоа е клучно да се јаде храна богата со антиоксиданти за да се подобри рамнотежата, а токму кивито е богато со антиоксиданти. Порталот Eat this наведува неколку главни здравствени придобивки за тоа зошто треба редовно да јадете киви.

Истражувачите од Јапонија во студијата откриле дека оние кои јаделе киви два пати на ден ги намалуваат штетните ефекти од вежбањето предизвикани од оксидативниот стрес со зголемување на нивото на антиоксиданти. Друга студија покажала дека кивито има антиоксидантни својства кои можат да се борат против оксидативното оштетување на ДНК. Една студија дури сугерира дека антиоксидантот и витаминот Ц присутни во кивито може да помогнат во лекувањето на астмата.