Зошто не треба да јадете јајца со кафето?

Фото: Pexels
126

Кога јајцата и кафето или чајот се консумираат заедно, тоа може да ја попречи апсорпцијата на основните хранливи материи“, вели нутриционистиката Прија Бансал.

Јајцата се здрава и хранлива намирница за појадок, а се одличен извор на витамини А, Д и Б12, како и на протеини.

Кафето е познато по неговата висока содржина на кофеин, кој дава стимулативен ефект. Иако и двете намирници имаат свои предности, не е добро да се консумираат во исто време, велат нутриционистите.

Диететичарката и нутриционистка Прија Бансал вели дека не ги добиваме сите придобивки од хранливите материи од двете намирници кога ги консумираме заедно.

„Јајцата и кафето имаат свои придобивки и може да се уживаат како дел од балансиран појадок. Јајцата се извор на протеини, здрави масти, витамини и минерали, а кафето е познато по високата содржина на кофеин, кој има стимулативен ефект. Меѓутоа, кога се комбинираат, може да дојде до потенцијални несакани ефекти кај некои луѓе.

На пример, кога јајцата и кафето или чајот се консумираат заедно, тоа може да ја попречи апсорпцијата на основните хранливи материи“, истакнала Бансал.

Кафето има способност да ја попречува апсорпцијата на одредени лекови, вклучително и антибиотици или антациди. Според нутриционистите, кафето содржи соединенија наречени танини и полифеноли, кои можат да ја спречат апсорпцијата на железото и калциумот кои се наоѓаат во јајцата. Ова го потврдуваат експертите за храна, кои советуваат да не се пие кафе или чај најмалку еден час по јадењето јајца, наведува „Мирор“.

Исто така, комбинацијата на јајца и кафе може да доведе до лошо варење. Тоа е затоа што и јајцата и кафето можат да го стимулираат производството на желудочна киселина, што може да доведе до рефлукс на киселина, киселини или стомачни тегоби.

Дополнително и јајцата и кафето имаат диуретични својства, што значи дека можат да го стимулираат мокрењето, што доведува до дехидрација.

Значи, ако ги консумирате овие две намирници заедно, консумирајте повеќе вода. Внимателниот избор на храна за време на оброците е клучот за одржување на урамнотежена исхрана