Инспекторите за храна откриваат: Овие 4 намирници никогаш не ги купуваме во продавниците

Фото: Pexels
276

Меѓудругите, на оваа листа се готовите оброци, бидејќи одржувањето на соодветна температура е клучно за спречување на размножувањето на бактериите.

Инспекторите за храна во САД открија кои прехранбени производи не ги купуваат во продавниците, и тоа поради здравствениот ризик што можат да го носат.

Врз основа на нивното знаење и искуство во секојдневната работа откриваат каква храна не купуваат во продавниците, пишува британскиот Daily Express.

Една од тие намирници е свежото непастеризирано млеко, обично наречено сирово млеко и тоа е на врвот на нивната листа.

За разлика од пастеризираното млеко, сировото млеко може да содржи штетни бактерии како салмонела, E. coli, листерија, бруцела и други, истакнале од Центарот за контрола и превенција на болести (ЦДЦ).

Тука се и сировите никулци од ротквица, луцерка и детелина, кои исто така можат да содржат штетни бактерии како што се E. coli и салмонела.

На трето место се претходно исечените производи, како салама, сирења и слична храна.

Тие велат дека пакуваната храна, според законот, мора да помине низ строг процес, но храната што се сече на лице место во продавниците – не. Според тоа, не се знае што правел претходно и какви хигиенско санитарни процедури применувал тој што ја сечел храната.

На четврто место се свежо зготвената и печената храна, односно готовите оброци, бидејќи одржувањето на соодветна температура е клучно за спречување на размножувањето на бактериите.

Прописите за безбедност на храната налагаат топлата храна да се чува на температура од 57 степени или повисока, додека ладната храна да се чува на температура под 5 степени. Сѐ што не е во тие рамки претставува ризик по здравјето.