Мистериозните дегустатори веќе 100 години посетуваат ресторани ширум светот

Кај нас нема ресторани со Мишелин ѕвезда, кои за љубителите на добриот залак ширум светот се вистински предизвик. Предложете некој за кој мислите дека ја заслужува

0
284

Ширум светот во рекламите за ресторани може да се слушне и да се види како баш во тој ресторан работи „готвач со Мишелин ѕвезда“.

Меѓутоа, познатиот Мишелинов водич (Michelin Guide) воопшто не ги рангира готвачите, туку исклучиво рестораните. Имено, инспекторите на Мишелин ги рангираат со ѕвездички рестораните врз основа на пет критериуми кои се однесуваат на храната, додека со други симболи се рангираат ентериерот и квалитетот на услугата.

Секако, квалитетот на храната зависи и од шефот на кујната, но тоа за „Мишелиновиот водич“ не е пресудно, па готвачите не се оценуваат со ѕвездички, едноставно затоа што различни готвачи спремаат во истиот ресторан, а ѕвездичката го вреднува целиот тим.

Кај нас нема ресторани со Мишелин ѕвезда, кои за љубителите на добриот залак ширум светот се вистински предизвик. Од државите во регионот, засега само Хрватска има три ресторани кои се оценети со една Мишелинова ѕвезда, во Ровињ, Шибеник и Дубровник.

Според објаснувањето на сајтот на Мишелин, оценките на рестораните се објавуваат повеќе од еден век во Мишелиновиот водич, во кој неговите инспектори ги пренесуваат своите импресии за ресторанот во неколку куси реченица со симболи од кои во светот најознати се ѕвездичките.

Рестораните можат да добијат до три ѕвездички за квалитетот на нивната храна врз основа на пет критериуми: квалитетот на користените намирници, мајсторството на вкусот и техниките на готвење, личноста на готвачот во неговата кујна, односот на цената и понудата, како и доследноста во квалитетот (помеѓу повеќе посети на Мишелиновите инспектори).

Мишелиновите инспектори при доделувањето на ѕвездичките во рестораните не обрнуваат внимание на уреденоста на ентериерот, декорот на масата или квалитетот на услугата. Овие ставки се рангирани со симболот на вилушка и лажица, истакнуваат во Мишелин.

Една Мишелинова ѕвездичка добиваат оние ресторани за кои Мишелиновите инспектори ќе проценат дека се вредни за „застанување“ кога сте на пат. Две ѕвездички им даваат на оние за кои вреди да „се скршне од патот“, додека со три ѕвездички се оценети рестораните заради кои се „планира специјално патување“.

Симболот на вилушка и лажица ги оценува удобноста и квалитетот на ресторанот од 1 до 5.

Со симболот на куќичка и бројот на покриви на неа од 1 до 5, се вреднуваат хотелите и сметувањата според комфорот и квалитетот, од добри до луксузни во традиционален стил. Покрај ѕвездичките постојат и помалку познати симболи за рангирање. Меѓу нив е и маскотата на Миелин – Биб Гурменд кој не е во ранг на ѕвездичка, но, како што пишува на сајтот на Мишелин, не е ни утешна награда.

Овој систем на вреднување препознава пријатни места кои служат добра храна по умерени цени. Мишелиновите инспектори патуваат и имаат оброци ширум светот и постојано бараат ресторани кои нудат висококвалитетна храна по пристојни цени.

Оваа опсервација резултирала со создавање на посебна категорија на рејтинг за препознавање на таквите ресторани, па во 2016.е воведен симболот на чинија со вилушка и нож, кој препознава ресторани кои „едноставно служат добра храна“..

За разбирање на овој вид на оценување на рестораните и хотелите, треба да се вратиме повеќе од 100 години назад.

Сѐ почнало во Клермон-Феран во централна Франција во 1889.година, кога браќата Андре и Едуард Мишелин основале своја компанија за производство на гуми, работејќи за француската автомобилска индустрија, во време кога во земјата имало само 3.000 автомобили.

За да ги поттикнат сограѓаните на патувања и со смаото тоа да ја зголемат продажбата на автомобили и на гуми, браќата Мишелин направиле мал водич исполнет со корисни информации за патниците, како што се маппи, информации за менување на гума, за тоа каде може да се наточи гориво, како и листа на места кадешто можат да јадат или да најдат преноќиште.

Во прво време водичот на Миѓелин вклучувал листа на хотели во Париз и листа на ресторани според одредена категорија, но со оглед на растечкото влијание на оној дел од водичот кој се однесувал на рестораните, браќата Миелин направиле тим од „мистериозни дегустарори“ или како што ги наеме денеска – инспектори на ресторани, кои ги посетуваат и ги оценуваат рестораните анонимно.

Така, во текот на 1926.година, водичот почнал да доделува ѕвездички на фините места за јадење, на почетокот ги означувал со една ѕвездиќка. Пет година подоцна, воведена е хиерархиј 0, една, две и три ѕвездички, а во 1936.година се објавени критериумите за рангирање со ѕвездички.

Сега водичот рангира повеќе од 40.000 места на повеќе од 24 територии ширум четири континенти: Северна Америка, Јужна Америка, Европа и Азија.

Луѓето кои ја оценуваат храната – Мишелиноите инспектори, се вработени во МИшелин група. Повеќето од нив студирале во најдобрите угостителски школи во светот, многу патувале, живееле и работеле во разни држави ширум светот.

За да ја одржат независноста на критериумите и оценувањето, инспекторите секогаш доаѓаат анонимно, си го плаќаат својот оброк и потоа го вреднуваат искуството според петте познати критериуми: квалитет на производите, мајсторство на вкусовите и техниките на готвење, личноста на шефот во неговата кујна, вредноста за парите и доследноста помеѓу посетите.

Како што тврди Миелиновиот водич, неговите „инспектори“ се пред сѐ, муштерии како и сите останати. Тие „ги испробуваат рестпраните целосно анонимно за да бидат сигурни дека нема да имаат специјален третман“.

Фото: Pixabey

loading...