Ах тие семки од тиква! Природен лек против цревни паразити

Фото: Unsplash
2.087

Ако дојде до тоа да добиете цревни паразити кои потоа водат кон паѓање на имунитетот и хронични болести, испробајте го овој природен лек со кој глистите ќе исчезнат за три дена

Доколку дојде до тоа да добиете цревни глисти, семките од тиква можат да бидат вашиот спас. Токсините на овие цревни паразите може да доведат до оштетување на имунолошкиот систем, до хронични болести и пореметувања во метаболизмот.

Цревните паразити можат да се појават и кај децата и кај возрасните. На пример, преку неизмиен зеленчук, овошје, загадена вода, лошо зготвена храна, валкани раце или контакт со болно животно. Постојат повеќе од илјада видови на разни цревни паразити кои можат да живеат во човечкото тело. Некои се многу мали, микроскопски, додека други можат да се видат со голо око.

Во случај на инфекција, треба да се проверат сите членови на семејството и да се подложат на третман. Во исто време, мора да се почитува строгата хигиена за да се спречи повторна инфекција.

Цревните паразити можат да живеат во цревниот тракт долго време без да предизвикаат симптоми. Сепак, вообичаени симптоми се: болка во стомакот, запек, дијареа, надуеност, гасови, дизентерија, промени во конзистентноста на столицата, анално чешање, воспаление на вагината. Покрај тоа, цревните паразити можат да предизвикаат анемија, алергии, темни кругови под очите, хроничен замор, поспаност, чувствителност на светлина, крвавење на непцата, од носот и ректумот.

Покрај овие симптоми, може да се појават и симптоми на депресија, апатија, замор и длабока анемија.

За чистење на телото од паразити, можете да користите семки од тиква, но и рен, есенцијални масла, пелин или босилек.

Како да го исчистите телото со семки од тиква?

Обично треба да јадете од 100 до 200 свежи семки од тиква на празен стомак, а потоа по 3 часа се зема лаксатив.

По сушењето на семето, количината на кукурбитацин се намалува, но кога семето ќе ‘рти, повторно се зголемува во иста количина како и кај свежите. Затоа, некои експерти препорачуваат употреба на никнати семки од тиква или на свежи за отстранување на цревни глисти. Лекувањето се спроведува во текот на 3 дена.

Покрај ефектот на чистење, семето му обезбедува на организмот вредна супстанција за зајакнување на имунитетниот систем, лекување на анемија и раст на клетките. Семките од тиква се богати со цинк, а содржат и многу тирозин и селен, кои се неопходни за правилно функционирање на тироидната жлезда.

Лекот можете да го подготвите на овој начин: 

Земете 50 грама излупени семки, додадете 250 милилитри вода и оставете да врие 30 минути на тивок оган, а потоа намалете ја температурата и оставете да се свари. Оваа течност пијте ја наутро на празен стомак 3 дена.

Препорачаната дневна доза за возрасен е 100 – 200 семки, а за деца се препорачува да се разговара за дозата со лекар. Покрај тоа, се препорачува да се јадат повеќе зеленчук и овошје како рен, морков, кромид, лук, зелка, боровинки, јагоди, лимони, праски, маслинки, ореви, лешници, бадеми.