Баталете сѐ друго, пијте чај од нане

Фото: Pixabay
323

Овој напиток истовремено ја гаси жедта, освежува и ги зајакнува желудникот и цревата. Чајот од нане е еден од најдобрите хербални лекови за заболен црн дроб, а најдобри резултати се постигнуваат со долготрајна терапија со еднакви делови чај од нане и смил.

Чајот од нане најчесто се употребува против болки и нелагодности во стомакот, а поради истите причини листовите од нане се додаваат и при варењето на грав. Исто така, се користи и за проблеми со непријатен здив, за арома терапиии, прочистување на воздухот, но има уште многу здравствени придобивки.

Чајот од нане ги релаксира мускулите на стомакот, го подобрува варењето, ја намалува подуеноста и ги смирува гасовите. Многумина го сметаат за природен лек за дијареја и нервозни црева. Ментолот во нането помага и за главоболка и мигрена бидејќи делува како аналгетик и како средство за релаксирање. Од истите причини е делотворен и за добар сон, односно, како идеален избор за релаксација пред да си легнете, ама е одличен и за будење. Истражувањата покажале дека чајот од нане може позитивно да влијае на нервниот систем, да го зголеми нивото на енергија и да ја спречи дневната поспаност.

Ги олеснува симптомите при настинка и грип. Чајот од нане ги отвора дишните патишта, а има и антивоспалителни својства и делува како антиоксидант, со што придонесува за побрзо оздравување. Освен што можете да го пиете, чајот од нане можете да го користите и за инхалации. Едноставно сварете си чај и додека го чекате да се олади, наведнете се над него, покријте ја главата со крпа и вдишувајте длабоко.

Сојузник е во борбата со сезонските алергии, ја ублажува менструалната болка. Чајот од нане има моќ да ги намали контракциите на матката и интензитетот на грчевите. Честопати за време на менструалното крварење се појавува и дијареја, па нането е супер полезно и за таа потешкотија. Не заборавајте да пиете чај од нане за побезболно да ги поминете „оние“ денови од месецот.

Може да го намали ризикот од хронични болести. Чајот од нане е извор на антиоксиданти кои го зајакнуваат одбранбениот механизам на телото. Тие делуваат така што ги неутрализираат слободните радикали виновни за оштетување на клетките што води до појава на болести и стареење.

Одличен е против мачнини. Доколку чувствувате гадење или планирате да патувате, а знаете дека возењето во автомобил ви предизвикува вртоглавица и/или нагони за повраќање, подгответе си шолја чај од нане и ќе почувствувате олеснување.

За чајот да биде пријатно ароматичен, важно е како се подготвува. Листовите нане прво треба да се стават во соодветен сад, да се прелијат со врела вода (за нането е важно да се знае дека никогаш не треба да се вари, бидејќи ги губи драгоцените својства) и по 20 секунди истурете ја водата. Потоа листовите се преливаат со нова зовриена вода. Вака подготвениот чај нема да има горчлив вкус, а може да се заслади со малку мед. Овој напиток се препорачува и за оние кои сакаат да одржат витка линија.

Имено, мирисот на нане го потиснува апетитот, а со тоа го спречува таложењето на вишокот килограми, покажа истражувањето на Универзитетот во Вирџинија.

Чајот од нане може да го ублажи иритирачкото чувство во грлото кое предизвикува кашлање, а со тоа ги ублажува симптомите на иритираните дишни органи. Ги опушта мускулите на грлото и градите, а сите аспекти на настинка и грип може да се елиминираат со овој чај.

Чајот од нане ги ублажува симптомите на надуеност и помага во ослободувањето на гасовите од телото. Нането ги релаксира мускулите и им овозможува на дигестивните гасови полесно да минуваат.

Чајот од нане е и еден од најдобрите хербални лекови за заболен црн дроб. Најдобри резултати се постигнуваат со долготрајна терапија со еднакви делови чај од нане и смил.

Силен чај направен од еднакви делови од нане и маточина им се препорачува и на луѓе со нарушувања на тироидната жлезда. Овој чај го балансира и го регулира производството на хормони и се препорачува за луѓе со зголемена или намалена функција на тироидната жлезда.