Вашиот омилен зимски зачин сега ќе ви стане уште помил: Еве неколку рецепти за вкусни и хранливи пијалаци

Фото: Pixabay
337

Циметот ги намалува срцевите заболувања и дијабетесот и помага при воспаленија и инфекции, го ублажува варењето, го регулира шеќерот во крвта, помага при слабеење, ги ублажува ревматските болки, ја подобрува активноста на мозокот, го намалува лошиот холестерол,…

Циметот е популарен зачин кој потекнува од далечниот исток, а најчесто го сакаме со колачи со јаболка или во варено вино.

Но истовремено, тој ги намалува срцевите заболувања и дијабетесот и помага при воспаленија и инфекции, го ублажува варењето, го регулира шеќерот во крвта, помага при слабеење, ги ублажува ревматските болки, ја подобрува активноста на мозокот, го намалува лошиот холестерол итн.

Еве неколку идеи како сѐ може да консумирате цимет

Напиток со цимет и мед

Во шолја зовриена вода ставете половина лажичка цимет, поклопете и оставете да отстои половина час. Додадете една лажичка мед и промешајте. Овој напиток пијте го два пати на ден: наутро на празен стомак и навечер пред спиење.

Кефир со цимет и ѓумбир

Во чаша јогурт со малку маснотии додадете половина кафена лажичка цимет, прстофат црвен пипер и малку рендан ѓумбир.

Измешајте ги сите состојки. Овој пијалак може да биде замена за вечерата.

Чај со цимет и ѓумбир

Во подготвениот црн чај додадете половина лажичка цимет и 30 гр рендан ѓумбир. По желба можете да додадете и малку ванилин шеќер.

Милкшејк со цимет

Измешајте во блендер грст бобинки по желба со една кафена лажичка цимет и 200 мл млеко. Поросете го милкшејкот со ореви или бадеми.

Кафе со млеко и цимет

Измешајте 100 мл млеко со една лажичка кафе и една лажичка какао и додадете 1 лажичка цимет. Додадете малку мед по желба.