Дали е здраво да се јаде овесна каша? Нутриционистка открива зошто не е добро да се консумира секојдневно

Фото: Unsplash
857

Многу луѓе кои сакаат да се хранат здраво секој ден го почнуваат со овесна каша. Нутриционистка открива зошто тоа не е здраво. Важно е колку често ја јадете и во кој период од денот!

Овесната каша стана една од омилените намирници за појадок или вечера за многумина кои сакаат да се хранат поздраво, но дали кашата ја консумираме на вистински начин? Дали е навистина здрава за нашиот организам?

Руската нутриционистка Елена Соломатина истакнува дека при консумирање на овесни снегулки треба да се почитуваат одредени правила.

Овесните снегулки се богати со калциум, магнезиум, цинк, манган и селен. Содржат и витамини А, Б, Е. Содржат и бета-глукани кои го намалуваат нивото на холестерол во крвта, а позитивни се и за варењето и за слабеење бидејќи се полни со влакна.

Сепак, оваа храна содржи и фитинска киселина, која е во состојба да отстрани и некои корисни материи од телото. Многу луѓе грешат кога јадат овесна каша секој ден за појадок, а можеби дури и за вечера. Нутриционистката нагласува дека оваа каша треба да се јаде за појадок два до три пати неделно, но не почесто.

Кога ја консумирате, најдобро е да ја комбинирате со храна која е богата со протеини, на пример, со јајца, со урда или со сирење. Овесната каша варена во вода содржи недоволно протеини и брзо ќе ве огладне.

Бидејќи овесната каша содржи многу јаглехидрати, се препорачува да се јаде наутро – ова ќе ви овозможи да ја добиете потребната енергија. Не е препорачливо да јадете овесна каша навечер, особено не пред спиење, бидејќи тогаш телото нема време да ја искористи енергијата што сте ја внеле, па кашата се претвора во маснотии и вишок килограми.

Ако сакате да јадете слатка овесна каша, најдобро е да ја засладите со банани, јаболка, бобинки или со малку рендано темно чоколадо.