Дали порција бел ориз навистина има исто влијание врз организмот како 2 лименки газиран сок?

Фото: Unsplash
633

Кoга станува збор за борбата против дијабетес, луѓето обрнуваат најмногу внимание на избегнувањето на намирниците за кои знаат дека содржат многу шеќер. Меѓутоа, шеќерот се крие и таму каде што не го очекувате.

Според статистиките, жителите на азиските земји имаат поголеми шанси за развој на дијабетес.

Зошто жителите на азиските земји имаат поголеми шанси за дијабетес?

Едно време се сметало дека причините за ова се во гените, но наскоро научниците го исклучиле ова бидејќи Азијците имаат поздрав начин на живот од западњаците, а вежбањето е составен дел од нивните животи. Истражувањата ги довеле до неочекуваниот виновник – белиот ориз, кој е неизбежен дел од секојдневната исхрана во Азија, а тој е полн со скроб.

Зи Јунг Канг, главен извршен директор на Одборот за унапредување на здравјето, го изнел својот план за намалување на бројот на заболените од шеќерна болест во светот, а особено во Азија. Според Зи, секојдневната консумација на бел ориз може да го зголеми ризикот од шеќерна болест за 11 отсто. Врз основа на резултатите кои ги добиле истражувачите од Харвардовата школа за јавно здравство, а студијата траела 20 години, белиот ориз не се покажал како добар за секојдневна консумација.

Заменете го белиот ориз со интегрален

Белиот ориз содржи јагленохидрати кои се претвораат во шеќер. Панкреасот лачи инсулин за да може телото да користи шеќер, меѓутоа, шеќерот од белиот ориз (истото се однесува и на белиот леб и на тестенините) брзо влегува во крвотокот заради што панкреасот мора засилено да работи. Кога панкреасот засилено работи, станува помалку делотворна во производството на инсулин, а резултат е тоа што организмот апсорбира повеќе шеќер, што може да го отвори патот кон дијабетесот. За оние кои имаат висок индекс на телесна маса, тој ризик уште и се зголемува.

Овој ризик може значајно да се намали, ако внесувањето на бел ориз се намали за 20 отсто, односно, ако 20 отсто бел ориз се замени со интегрален, ризикот за заболување од дијабетес се намалува за 16 отсто.