Замени за брашно за кои веројатно не сте слушнале

Фото: Фејсбук
157

Кој си има мака, можеби истражувајќи ги видел овие видови на безлгутенски брашна, но ако не сте слушнале за нив досега, можеби ќе ви бидат корисни овие информации

Ако веќе некое време не консумирате глутен, тогаш сигурно сте истражувале многу опции за брашно без глутен, а ние ви откриваме уште четири замени за кои веројатно никогаш не сте слушнале. Станува збор за малку поегзотични намирници.

Брашно од тајгер нат (tigernut). Ова е неалергенски, малку сладок, коренест зеленчук кој расте на Блискиот Исток и во Африка. Содржи многу добар баланс на протеини, јаглени хидрати и масти, а истражувањата покажале дека може да биде многу важен фактор во лекувањето на дијабетес и дебелина. Можеби ова брашно нема да го најдете во секоја продавница, но доколку го видите, задолжително пробајте го. На крајот на краиштата, секогаш можете да го нарачате преку Интернет.

Брашно од кафе. Ова брашно се подготвува од отпадоци од сушено кафе и е сосема уникатно. Не само што се користат остатоците од храната на овој начин, туку ова брашно има висока хранлива вредност. Многу е богат со влакна, протеини, железо и секако умерена количина на кофеин.

Брашно од банана. Ова ќе ви биде многу полесно од претходните две бидејќи неговата употреба е доста распространета. Тоа е еден од најдобрите природни пребиотици, го поттикнува здравјето на целиот организам и слабеењето.

Брашно од семки и лушпа од грозје. Во процесот на правење вино има многу отпад, особено лушпи и семки, па затоа многу производители решиле овој отпад да го претворат во брашно, кое има малку овошен вкус и е многу богато со антиоксиданти.

Дали досега сте пробале некои необични видови брашно? Споделете ги вашите искуства со нас.