Калцоне, алијас, преклопена пица: Направете си денови на италијанска кујна и дома

450

Тестенините во секоја можна форма и со каков било фил се секогаш одлична идеја за појадок, ручек или вечера, па така и наполитанската калцоне или како што многумина ја нарекуваат преклопена пица, специјалитет од југот на Италија кој се прави од тесто за пица, но со додавање на фил во кој главната состојка е рикота.

Италијанската кујна е меѓу омилените на многумина и тоа не е без причина. Тестенините во секоја можна форма и со каков било фил се секогаш одлична идеја за појадок, ручек или вечера, па така и наполитанската калцоне или како што многумина ја нарекуваат преклопена пица, специјалитет од југот на Италија кој се прави од тесто за пица, но со додавање на фил во кој главната состојка е рикота.
Во различни регионални варијации на калцоне често се вклучуваат други состојки кои вообичаено се поврзани со додатоци за пица.

Епа токму деновиве кога и во Скопје почнуваат деновите на италијанска храна, еве еден одличен рецепт за калцоне. Викендот е пред вас, па ако не можете да одите до Ист Гејт Мол или на плоштад каде што ќе се готви италијанска храна, тогаш направете си ги дома:

Состојки:

480 мл млака вода

1 лажица шеќер

1 лажица сол

1 сув квасец

1 лажица маслиново масло

1 јајце

720 г брашно

За полнење изберете:

сос од домати, босилок, моцарела, кашкавал, шунка, сирење, магдонос, маслинки, сушени домати…

Приготвување:

1. Ставете ги шеќерот и квасецот во млаката вода да отстојат 15 минути. Потоа додадете ги брашното, солта и маслото и замесете го тестото. Покријте го и оставете го да отстои 1 час.

2. Направете 2 поголеми фамилијарни или 8 помали индивидуални парчиња. Намачкајте ја едната страна со сос од домати и додадете ги состојките што ги сакате. Преклопете со празниот дел од тестото и затворете го калцонето. Намачкајте ги со изматеното јајце.

3. Нека отстојат уште 45 минути. Потоа печете на 230 степени.