Кардиолозите советуваат: Овој напиток е одличен за здраво срце

Фото: Pexels
482

Новото истражување кое го истражува ризикот поврзан со пиењето кафе и срцевите болести покажало дека пиењето кафе веројатно го штити срцето на неколку начини. Интересно е тоа што кафето без кофеин не ги нуди истите придобивки. Всушност, пиењето кафе без кофеин го зголемува ризикот од срцеви заболувања, покажуваат резултатите од оваа студија.

За многу луѓе денот започнува со шолја кафе кое помага да се разбудат, но според експертите, тоа би можело да биде корисно и за срцето, aко се пие во правилни количини.

Новото истражување кое го истражува ризикот поврзан со пиењето кафе и срцевите болести покажало дека пиењето кафе веројатно го штити срцето на неколку начини.

Две до три шолји кафе се поврзани со значително помал ризик од срцеви заболувања и смртност од сите причини, според една голема студија од септември 2022 година објавена во ‌списанието European Journal of Preventative Cardiology‌. Меленото и инстант кафето, но не и кафето без кофеин, исто така се поврзани со помал ризик од аритмија.

Помал ризик од срцева слабост
Срцевата слабост е прогресивна форма на срцева болест која го спречува срцето ефикасно да пумпа крв низ телото. Факторите на ризик за срцева слабост вклучуваат неконтролиран дијабетес тип 2 и висок крвен притисок.

Некои студии покажаа негативна поврзаност помеѓу кафето и оваа состојба, покажа прегледот од февруари 2021 година. Во споредба со луѓето кои не пиеле кафе, оние кои пиеле една шолја дневно имале 5 до 12 отсто помал ризик од срцева слабост, додека оние кои кои пиеле две шолји имале 30 отсто помал ризик.

Интересно е тоа што кафето без кофеин не ги нуди истите придобивки. Всушност, пиењето кафе без кофеин го зголемува ризикот од срцеви заболувања, покажуваат резултатите од оваа студија.

Антиоксиданти
Воспалението е главната причина за срцеви заболувања и многу други хронични заболувања. Антиоксидантите се хранливи материи кои се борат против воспалението во телото со неутрализирање на слободните радикали кои ги оштетуваат клетките, пренесува Livestrong.

Кафето е богато со антиоксиданти, кои се поврзани со помал ризик од болести како што се срцеви заболувања и дијабетес тип 2.

Го забрзува метаболизмот
Кафето може да влијае и на метаболизмот и може да игра важна улога во губењето маснотии, а сето тоа на крајот има позитивен ефект врз здравјето на срцето. Кофеинот исто така може да ги подобри физичките перформанси, а помага и при замор, што е уште една придобивка бидејќи луѓето имаат поголема веројатност да вежбаат кога се енергични.

Тоа е добра вест за вашето срце бидејќи редовното, умерено вежбање е поврзано со помал ризик од срцева слабост, според студијата од август 2022 година објавена во списанието Circulation.

Го подобрува холестеролот
Пиењето црно кафе е поврзано со позитивен ефект врз нивото на HDL холестерол, сугерира студијата од ноември 2020 година објавена во Journal of Multiplidiscinary Healthcare.

ХДЛ холестеролот е познат како „добар“ холестерол бидејќи помага да се отстрани лошиот холестерол од крвотокот, што на крајот го намалува ризикот од срцеви заболувања.

Треба да се напомене дека со кафето, како и со сѐ друго, треба да бидете умерени. Ако немате проблем со кофеинот, испијте две до три шолји за да ги искусите придобивките за здравјето на срцето.

Ако имате срцеви заболувања, разговарајте со вашиот лекар пред да додадете повеќе кафе во вашата исхрана.