Кефир, еднакво добар како домашниот

388

Со ефектите од пиењето кефир, расте и популарноста на овој пијалак, така што се повеќе се бара
и во маркетите, наместо досегашната пракса да се прави дома.

Благотворното дејство на кефирот за организмот е докажано одамна. Со ефектите од
пиењето кефир, расте и популарноста на овој пијалак, така што се повеќе се бара
да се купи во маркетите, наместо досегашната пракса да се приготвува дома.

А придобивките од кефирот врз здравјето се бројни и листата започнува од зајакнување
на имунолошкиот систем, влијае врз работата на цревата и воопшто на дигестивниот
систем, спречува и многу цревни заболувања, има антиинфламаторно дејство, го
намалува нивото на лошиот холестерол и високиот крвен притисок.

Токму поради долгата листа корисни дејства од консумирањето кефир, Бимилк го создаде
Баланс+ кефирот, кој е исто толку корисен како домашниот, па дури и со подобрен вкус.
Баланс+ кефирот содржи 5 млечни култури и кефирни култури, што го прави богат со
пробиотици, белковини, аминокиселини, липиди, витамини од групата Б, калциум,
витамин Д.

Има богата кремаста структура, со специфичен, но благ вкус.
Кефирот се добива со ферментација на млекото што е поттикната од кефирните
култури, кои пак се комбинација од корисни габи и бактерии, така што е одличен
извор на пробиотски микроорганизми.
И оттука, од ваквиот состав богат со пробиотски култури и посебно кефирните култури,
произлегуваат сите здравствени придобивки.