Кралицата на празничната трпеза во веганска варијанта

Фото: Пинтерест
616

Јајцата се составен дел на класичниот мајонез. Но, доколку не можете или не сакате да ја консумирате оваа намирница, можете да направите вкусен прелив за салата и без јајца…

Француската салата е неизбежен дел од празничната трпеза. Традиционално се подготвува од компири, грашок, моркови, кисели краставички, варени јајца и мајонез.

Ако не смеете да консумирате јајца или сте решиле да го ограничите внесувањето на таа намирница, тоа не значи дека не можете да уживате во француска салата. Варените јајца исклучете ги од рецептот, а наместо класичен мајонез, направете сами мајонез од растително потекло од масло и млеко од соја.

Еве што ви треба…

Состојки за салата:


300 грама компири
300 грама моркови
300 грама грашок
150 грама кисели краставички

За вегански мајонез:

100 мл сончогледово масло
50 мл млеко од соја
1 лажица јаболков оцет
1 лажица сок од лимон
1 кафена лажичка сенф
сол и црн пипер по желба

Приготвување:

Во вода сварете ги компирите, морковите и грашокот. Исечкајте ги на помали парчиња.
За вегански мајонез: во висок сад ставете масло, млеко од соја, јаболков оцет, сок од лимон и сенф и матете со миксер додека не добиете еднолична смеса. Додадете сол и црн пипер по желба. Измешајте го веганскиот мајонез со зеленчукот. Изладете ја пред послужување.

Совет плус:

Можете исто така да користите готова замрзната смеса за француска салата. Но, повкусно ќе биде ако го сварите компирот во кора, а потоа да го исечете на коцки.