На пиво на Пиволенд!

Фото: Unsplash
198

Повеќе од 100 видови на пива, 50 артисти, музичка програма и скара и среќни и незаборавни моменти, ветуваат организаторите на Пиволенд 2022 кој ќе се одржува од утре (31.август) до 4.септември на скопскиот плоштад.

Од утре, 31-ви август до 4-ти септември на плоштадот Македонија во Скопје ќе се одржи Пиволенд на кој е предвидено да настапат повеќе од 50 артисти во тек на петдневниот настан, но и да се точат повеќе од 100 видови пиво.

Пиволенд за последен пат се одржа во 2017 година, со локација на скопско Кале, а годинава скопјани, како големи љубители на добра забава и квалитетно пиво, се подготвени да постават нов пивски рекорд. Оваа манифестација по пауза од 5 години повторно се враќа пред скопската публика, со програма која ветува добра забава и новитети кои ќе овозможат уште едно незаборавно издание, ветуваат организаторите.  

На овогодинешниот Пиволенд ќе бидат поставени две сцени, „Main stage“ и „Craft stage“. На „Main stage “ќе настапат познатите македонски и балкански музички изведувачи, додека  „Craft stage“ ќе биде наменета за љубителите на алтернативната музика и младите талентирани артисти.

Истото ќе се случува и со пивата, односно, годинава својата шанса да се претстават ќе ја добијат и производителите на крафт пиво.

Пиволенд 2022 има за цел промоција на македонски и интернационални брендови на пиво, креирање на пивски бренд фестивал на локално и регионално ниво, зајакнување на пивската култура во Македонија, поддршка и афирмирање на млади македонски музички артисти пред публиката, како и промоција на Скопје како град на љубителите на пиво.

Влезот за посетителите ќе биде бесплатен.