Не го исклучувајте од исхраната! Корисен е за превенција од малигни заболувања, ги чисти желудникот и цревата и го намалува крвниот притисок

Фото: Pexels
309

Празот содржи тиосулфонати, кои се претвораат во сулфиди кога растението се сече или се дроби. Сулфидите се фитохемикалии кои делуваат како природни антибиотици во организмот, ги намалуваат крвниот притисок и холестеролот, а со тоа помагаат да се зачува здравјето на срцето, мозокот и крвните садови. Познато е и дека ја зајакнуваат одбраната на организмот, корисни се во превенција од малигни заболувања и ги активираат ензимите кои учествуваат во детоксикацијата на организмот.

Празот одамна е популарен меѓу оние кои сакаат да ослабат или да го исчистат телото од токсини. Благодарение на изобилството на витамин Ц и други хранливи материи, го чисти телото и спречува некои болести. Старите Египќани и Грци го ценеле како храна и лек.

Во него можеме да уживаме во текот на целата година, а целото растение се јаде, бидејќи листовите се особено богати со бета-каротен и витамин Ц, кој се губат при готвење или печење, па се препорачува листовите да се јадат почесто сирови, на пр. во салата.

Што содржи празот?

Со 100 гр праз во организмот внесуваме само со 61 kcal и 2,9 г јаглени хидрати, но затоа добиваме дури 1,8 г диетални влакна. Затоа е идеален за оние кои внимаваат на својата тежина или имаат проблеми со неправилна и тврда столица. Празот има поблаг вкус и содржи повеќе протеини од кромидот, па затоа е подобар избор за љубителите на спортот кои се грижат за своето физичко здравје и изгледот на своите мускули. Тој е добар извор на витамини од групата Б, важни за правилното функционирање на нервите и здравјето на кожата.

Празот е вистинско складиште на железо, манган, калиум и магнезиум, минерали кои се поврзани со здравјето на кардиоваскуларниот систем. Една од неговите највредни состојки е сулфурот, кој во празот гради различни фитохемикалии. Празот содржи тиосулфонати, кои се претвораат во сулфиди кога растението се сече или се дроби. Сулфидите се фитохемикалии кои делуваат како природни антибиотици во организмот, па придонесуваат за превенција и третман на бактериски инфекции. Покрај тоа, тие го намалуваат крвниот притисок и холестеролот, а со тоа помагаат да се зачува здравјето на срцето, мозокот и крвните садови. Познато е и дека ја зајакнуваат одбраната на организмот, корисни се во превенција од малигни заболувања и ги активираат ензимите кои учествуваат во детоксикацијата на организмот. Во празот има и многу есенцијални масла кои го поттикнуваат лачењето на дигестивните сокови и мокрењето, поради што е познат како голем пријател на дигестивниот и уринарниот систем. Поради своето силно диуретично дејство, оваа намирница има важно место во диеталната терапија на бубрежните заболувања. Содржи и големи количества растителна слуз, па во последно време празот се почесто се користи како средство за искашлување.

Лековитост

Празот е многу добар затоа што ги чисти цревата, а делува штом го јадете. Ги чисти желудникот и цревата од бактерии и габи кои предизвикуваат разни заболувања. Ги намалува крвниот притисок и нивото на холестерол и добро влијае на излачувањето на урината, ја обновува цревната флора и помага во детоксикација на организмот. Празот делува благо лаксативно, а делува и превентивно против хемороиди.

Во кујната

Празот е храна која може да се приготвува секој ден, и тоа на различни начини. Сепак, најчесто се готви и се служи со додавање на маслиново масло или путер како прилог. Традиционално се приготвува со компири и павлака како вариво, а е одличен додаток за салати, сосови и супи, сам или во комбинација со друг зеленчук. Празот можете да го динстате сам или со сланина, шунка, јајца, риба или печурки. Печениот праз е одличен во комбинација со путер и презла или полнет со топени сирења.