Нордиски леб од семиња и јаткасти плодови: Рецепт за ЛЦХФ почетници

Фото: Freepik
528

Еден од најпознатите палео/кето/LCHF леб е секако „нордискиот леб“. Го нарекуваат и STONE AGE BREAD (леб од каменото доба) бидејќи е направен од состојки кои биле достапни пред нашите предци да почнат да се занимаваат со земјоделство.

Скандинавските земји, поточно Шведска, беа лулка на модерната LCHF исхрана, поточно, исхрана со намален внес на јагленихидрати и зголемен внес на масти. Станува збор за исхрана со помалку јаглехидрати – без шеќер и житарки.

Според едни, ЛЦХФ е само еден вид на помодарство, додека според други, исхраната со помалку јаглехидрати само се вратила на своето одамна заслужено место.

Пред да бидат демонизирани одредени природни масти, во далечната 1977 година – диетите со малку јаглехидрати (Low Carb) биле најчесто користени за губење на тежината.

LCHF како начин на исхрана бил природен за припадниците на племето Масаи и за Ескимите – но исто така се користел и во „цивилизираниот“ свет како лек за дебелината.

Што се однесува до помодерната историја, во далечната 1953 година, д-р Ричард Меканес ја објавил книгата „Јади масти и ослабни“ – а во 1959 година д-р Џон Јудкин ја објавил книгата „Чист, бел и смртоносен“ во која го обвини шеќерот за дебелината.
И Роберт Аткинс објавувал текстови за исхрана со малку јаглехидрати долго пред да се појави книгата за неговата позната диета. Тој пишувал текстови од 1963 година, а првото издание на книгата се појавило во 1972 година – иако диетата Аткинс стана позната дури во 2002 година.
Вистина е дека ниските јаглехидрати претходат на многу од денешните популарни диети. Па дури и на официјалните упатства за малку маснотии од 1977 година.

Првата работа што ќе ја помисли личноста која ќе реши да ослабе со оваа диета е: „Сега ќе бидам без сендвичи некое време“ – но тоа не е точно.

Постојат алтернативи во лебот со јаткасти плодови и семиња. А еден од најпознатите палео/кето/LCHF леб е секако „нордискиот леб“. Го нарекуваат и STONE AGE BREAD (леб од каменото доба) бидејќи е направен од состојки кои биле достапни пред нашите предци да почнат да се занимаваат со земјоделство.

Состојки:

150 г индиски ореви
150 г ореви
125 г лен
120 г семки од тиква
120 г семки од сончоглед
120 г сусам
1 лажица куркума
1 лажичка прашок за пециво
1 лажица јаболков оцет
1 лажичка сол
65 г таан
70 г кокосово масло
5 јајца

Приготвување:

Загрејте ја рерната на 170 степени, а помало тавче за леб обложете го со хартија за печење. Измешајте ги сите суви состојки и додајте во нив таан, кокосово масло, оцет и јајца. Истурете го тестото во тавчето за леб и добро израмнете го – бидејќи овој леб не нараснува. Печете околу 60 минути, а потоа извадете го на решетка и оставете го да се излади.

Лебот е исклучително заситен и калоричен, па затоа се сече на тенки парчиња и трае долго. Чувајте го во фрижидер.