Храна и наследство: Француските багети ставени на листата на УНЕСКО

Фото: Unsplash
83

Ставањето на листата на францускиот багет „го слави францускиот начин на живот“, велат од УНЕСКО. Инаку, раната историја на багетите е прилично нејасна. Своето постојно име го добиле дури во 1920 година, кога со закон се дефинирала минималната тежина и максималната должина. До 1986 имал дури и фиксна цена.

Францускиот багет „250 грама магија и совршенство”, според зборовите на претседателот Емануел Макрон, еден од нераскинливите симболи на нацијата, доби статус на наследство на УНЕСКО.

„Ова е признание за заедницата на занаетчии пекари и слаткари. Багетот е брашно, вода, сол и квасец – и мајсторство околу лебот“, вели во изјавата Доминик Анрак, претседател на Федерацијата на производители на леб.

Багетите со крцкава надворешност и мека средина останаа препознатлива француска закуска, заедно со, на пр. – баретките и низите од лук. Затоа, Агенцијата на ОН го даде „Статутот на нематеријалното културно наследство” на традицијата за печење багети и начинот на живот што ја опкружува.

Од 1970 г. Франција губи околу 400 занаетчиски пекари годишно – од 55.000 (еден на 790 жители) до 35.000 денес (еден на 2.000). Падот се должи на ширењето на индустриските пекари, супермаркети и киосци за брза храна, во градовите и во руралните средини. Сепак, тој останува клучен за францускиот идентитет, а според претседателот Емануел Макрон, поради багетот, на Франција ѝ завидува целиот свет.

„Првично, багетот се сметаше за луксузен производ бидејќи работничката класа јадела селски леб. Потоа, неговата употреба беше широко распространета во 60-тите и 70-тите години од минатиот век кога багетите доминираа во селата“, изјавил Лоик Бјенасис од Европскиот институт за историја на храна и култура, кој помогна да се подготви досието во УНЕСКО.

Раната историја на багетите е прилично нејасна. Своето постојно име го добиле дури во 1920 година, кога со закон се дефинирала минималната тежина (80 грама) и максимална должина (40 сантиметри). До 1986 имал дури и фиксна цена.

Според една од легендите, Наполеон наредил лебот да се направи во тенки стапчиња, коишто војниците полесно ќе ги носат.

Друга приказна ги поврзува багетите со изградбата на париското метро на крајот на 19 век и тоа дека полесно се сечат и споделуваат меѓу градежниците.

Франција го поднесе своето барање до УНЕСКО на почетокот на 2021 година.