Бимилк наградува за 70-тиот роденден

112

Компанијата Бимилк доделува 70 вредни награди по повод својот 70.роденден, а извлекувањето на главната награда Toyota Corolla Hybrid Hatchback е на 27.јуни

Големата наградна игра „Славиме заедно 70 години Бимилк“ продолжува да ги наградува сите оние кои уживаат во производите од брендот Битолско и испраќаат СМС со податоци од фискалните сметки. Досега се доделени 28 награди и до крајот на наградната игра, односно, главното извлекување на 27.јуни, преостануваат уште 42, меѓу кои и главната награда Toyota Corolla Hybrid Hatchback.

Бимилк ја организира наградната игра во знак на благодарност кон потрошувачите за дадената доверба и по повод 70 години постоење на компанијата ги наградува верните потрошувачи со 70 вредни награди.

Секој понеделник има извлекување и се доделуваат по два мобилни телефони и два LED Smart телевизори. Сите недобитни пораки во овие извлекувања учествуваат во главното извлекување за кое веќе се пристигнати повеќе од 75 000 пријави. Наградната игра ќе трае до 26 јуни до кога ќе може да се испраќаат пораките, а главното извлекување ќе се одржи следниот ден, на 27 јуни 2022 година во 12.15 часот на Канал 5. Добитниците се извлекуваат по случаен избор, преку софтвер.

За учество и можна добивка на некоја од наградите потребно е само да купите некој од производите од портфолиото „Битолско“ во вредност од најмалку 70 денари на една фискална сметка, бројот на фискалната сметка и времето на плаќање да се испратат преку СМС порака на бројот 149 499 од операторите Македонски Телеком и А1 како и преку веб страната www.bimilk.mk/nagradna-igra. СМС пораката чини 5,9 ден.

Подетални информации за наградната игра се достапни на следниот линк www.bimilk.mk/nagradna-igra.