Дали после јадење спиете, пушите, шетате? Не е добро да се прави ништо од тоа

Фото: Unsplash
444

Најчесто луѓето после јадење единствено што сакаат е да си прилегнат. Оние пак што мислат дека прават нешто поодобро од тоа, одат на прошетка. Епа ете, не било добро ниту едното ниту другото.

Да се ​​живее здраво и да се остане витален не е лесно бидејќи има различни фактори кои влијаат на тоа, а не станува збор само за исхраната. Докажано е дека некои навики не само што не се препорачуваат после самиот оброк, туку треба да се избегнуваат. Во продолжение прочитајте што не треба да правите после јадење.

Да спиете
Спиењето веднаш по оброкот може да предизвика надуеност, лош сон и болки во стомакот. Исто така, истражувањето на Медицинскиот факултет на Универзитетот University of Ioannina Medical School докажало дека луѓето кои не вечераат пред спиење имаат помали шанси да добијат мозочен удар.

Покрај тоа, така многу полесно доаѓа до дебелеење.

Да шетате
Пешачењето веднаш по ручекот му отежнува на дигестивниот систем да ги апсорбира хранливите материи од храната. Имено, тоа ја уништува хранливата вредност на оброкот. Треба да одите на прошетка дури еден час по јадење. Истото важи и за сите видови спортови.

Да пушите
Секој знае дека пушењето е штетна навика, но пушачите кои ќе запалат цигара веднаш по оброкот имаат двојно поголема веројатност да заболат од рак.

Иако пушењето само по себе не е здраво, сепак бројот на пушачи и понатаму е голем. Имено, истражувањето покажало дека една цигара после оброк е како да пушите десет цигари одеднаш. Зошто? Ова се случува затоа што никотинот од цигарите се врзува за вишокот кислород кој е неопходен за самото варење и на тој начин му овозможува на вашето тело да апсорбира повеќе канцерогени отколку што е нормално.

Да се туширате
Кога се тушираме се зголемува протокот на крв во нозете и рацете, а до желудникот се намалува и на тој начин се успорува варењето и поради тоа можеме да почувствуваме болка во стомакот.

Туширањето ја забрзува циркулацијата, особено во рацете и нозете, со што се намалува количината на крв што циркулира во стомачниот дел од телото. Тоа доведува до послабо варење на храната, а во исто време може да предизвика и проблем со срцето.

Да јадете овошје
Иако овошјето е исклучително здраво, не смееме да го јадеме во секое време. Овошјето најдобро е да се јаде на празен стомак, бидејќи тогаш од него ги добиваме сите потребни хранливи материи и витамини. Ова се случува затоа што на нашето тело му се потребни различни ензими за да го свари овошјето, па затоа е потребно време за фруктозата да се апсорбира во нашето тело.

Јадењето овошје веднаш по оброкот го исполнува стомакот со воздух, што не е здраво. Затоа, овошјето треба да се јаде еден час пред, или барем еден час по оброкот.

Да пиете чај
Пиењето чај веднаш после јадење ја попречува апсорпцијата на железо во нашето тело. Танинот од чајот се врзува со железото и протеините од нашата храна, со што се намалува железото за дури 87%.

Во Турција е вообичаено да се пие шолја чај веднаш по оброкот, но тоа не е добро. Листовите од чајот содржат киселина која ја успорува апсорпцијата на протеините и поради тоа дури и витамините од оброкот не можат да го постигнат својот максимален ефект.

На пример, ако вашиот оброк бил богат со железо, кога пиете чај веднаш по јадење, вашето тело нема да може правилно да го апсорбира железото од храната. Оние кои страдаат од анемија треба да обрнат посебно внимание на ова.

Најдобро е да пиете чај најмалку еден час по оброкот.

Олабавување на ременот после оброк… факт или не?
Повеќето луѓе сугерираат да не го правите ова после оброк, не го олабавувајте или откопчувајте појасот. И тоа е лошо, не за вашите црева или стомак; тоа е едноставно знак дека сте изеле многу повеќе отколку што треба, што само по себе е лошо.

Се надеваме дека овие факти ви помогнаа да размислите за вашиот следен оброк, поточно за тоа што треба односно што не треба да правите по оброкот.