Дали разбирате што треба да значи ова: ладно цедено, помас, мешано?

669

„Маслиново масло добиено исклучиво од масла добиени од производ што се добива после екстракција и масла добиени директно од маслинки“.
Вака пишува на шишето на ова наше маслиново масло, ама не можев да разберам дали е производ или само производ добиен од производ од производ?!

Знаете, кога го здогледав шишето на полица во маркетот во кој пазарев, се израдував. Си реков, што убаво, дојранско маслиново масло. Еве од наши маслинки, наше маслиново. Оние со поприфатливи цени што трговците ги носат од Шпанија, Италија, Португалија, Грција, се разбира, се главно фалсификати. Го грабнав и го свртев да прочитам и да разберам дали е ладно цедено или е помас. Евентуално, дали е некаква комбинација…Обично пишува, дури и на фалсификатите.

Наместо тоа, на задната етикета пишуваше вака: Маслиново масло добиено исклучиво од масла добиени од производ што се добива после екстракција и масла добиени директно од маслинки.

Се трудев, навистина се трудев да разберам дали маслиновото масло е производ од масла, односно, производ од производ или е масло од маслинки или е нешто трето, ама некако изгубив волја да го купам. Згрешив, требаше да го пробам, можеби така ќе ја разрешев дилемата – со помош на сетилото за вкус и за мирис. Здравје, следна прилика.

Дотогаш, ако некој разбере за што станува збор, ве молам да ни пише.