Малечки, но значајни: Какво влијание имаат овие семиња врз здравјето?

Фото: Pexels
222

Семки од сончоглед и од тиква, ленено и чиа семе, се 4 волшебни семиња кои се извор на протеини и многу минерали, од кои најважен е цинкот. Спречуваат појава на срцеви заболувања, таложење на штетен холестерол и помагаат во регулирање на телесната тежина.

Семињата се вистинска ризница на хранливи материи кои се навистина корисни за целокупното здравје. Ленот, тиквата, сончогледот и сусамот се одличен извор на диетални влакна, витамин Е и незаситени масни киселини.

Овие здрави семиња се извор на протеини и многу минерали, од кои најважен е цинкот. Спречуваат појава на срцеви заболувања, таложење на штетен холестерол и помагаат во регулирање на телесната тежина.

Семки од тиква
Научните студии покажаа дека овие семки содржат антиоксиданти кои значително го зајакнуваат нашиот имунолошки систем.

Семките од тиква содржат и омега 3 масни киселини кои ги намалуваат воспалителните реакции во нашето тело, и го намалуваат ризикот од отекување на зглобовите и остеопороза. Една рака семки како ужина може да ви обезбеди голем број добри состојки, како што се омега-3 масни киселини и фитостероли, кои помагаат при високиот холестерол.

Семките од тиква содржат висок процент на цинк, кој го намалува ризикот од вирусни инфекции, како настинка и грип, и го подобрува здравјето на простатата, а исто така е корисен за здравјето на кожата, за јајниците и за раст на косата. Затоа можат да бидат одлична замена за грицките. Тие дејствуваат како антиоксидант и имаат антимикробно дејство, што е корисно за здравјето на цревата. Богати се со железо, цинк, фосфор, омега 3 масти, киселини и витамин А…

Семки од сончоглед
Овие семки се совршени за сите оние кои сакаат да ослабат, поради содржината на големо количество влакна кои го регулираат варењето. Богати се со витамин Е, кој е добар за нашата кожа и коса и минерали селен и бакар, кои не штитат од болести на крвните садови и срцето.

Сусам
Придобивките од ова семе се познати илјадници години. Сусамот е богат со калциум, магнезиум, витамин Б1 и фосфор. Истражувањата покажаа дека многу ефикасно го намалува крвниот притисок на природен начин и го штити црниот дроб од оштетување. Сусамот е богат со растителни влакна, кои се познати по позитивното влијание на варењето, а редовното консумирање спречува запек и слични здравствени проблеми. Сусамот можете да го употребите така што ќе ја попрскате салатата со една лажица сусам или ќе ставите од нив врз зеленчукот сварен на пареа. Можете исто така да го ставите во смути или едноставно да го измешате во чаша јогурт и да го испиете.

Ленено семе
Ова семе слободно можеме да го наречеме лек. Освен што се многу вкусни, семките од лен се богати со есенцијални масни киселини, кои се одлични за нашето здравје и организмот не може сам да го создаде, туку се внесува само преку храната. Улогата на оваа киселина во безбедно спречување на срцев удар е научно докажана. Посебна предност на ленот е тоа што содржи голем процент на лигнин. Во истражувањето се покажало дека лигнините се корисни за намалување на ризикот од рак на дојка и јајници, бидејќи ја намалуваат активноста на естрогенот, главниот женски полов хормон – потенцијален поттикнувач на малигнен раст.

Чиа семе
Чии семето е богато со протеини и значително го подобрува варењето. Натопените чиа семиња го забавуваат варењето на метаболизмот и ве прават сити подолго време. Истовремено го спречуваат зголемувањето на крвниот притисок и го намалуваат лошиот холестерол, а поради високата содржина на вода дополнително го хидрираат организмот.