Сварете шербет и смирете ги белите дробови и грлото

Фото: Unsplash
526

Прегорен шеќер со млеко и малку путер, највкусниот лек на нашите мајки и баби

Кога ќе влезете во аптека, на полиците ве чекаат безброј сирупи за кашлица, кои воопшто не се евтини. За среќа, постојат повеќе природни и поевтини алтернативи кои навистина функционираат. Еден од нив е и оној што ни го правеа кога бевме мали, прегорен шеќер со млеко или шербет од млеко и карамелизиран шеќер, кој сите добро го знаат, бидејќи нашите баби и мајки со задоволство ни го подготвуваа кога бевме болни и имавме кашлица или болки во грлото.


Рецепт за шербет
Состојки:

3 лажички шеќер
2 дцл млеко
5 г путер

Приготвување:

Во мал сад или ѓезве ставете го шеќерот и на умерен оган почекајте да се карамелизира. Погрижете се карамелот да не изгори. Со млекото прелијте ја стопената карамела. Карамелот ќе се кристализира и ќе се стврдне.
Се остава на оган и со мешање се чека да зоврие шербетот. Кога карамелот ќе се стопи во млекото, додадете го путерот, промешајте и ставете го во шолја малку да се излади.