Што да се прави кога не се јаде и пие 3 дена?

Фото: Unsplash
1.080

Почнувааат Велигденските пости и оние кои постат, после сирната недела, почнуваaт со Тримери, денови кога не се консумира никаква храна, ниту течност. Tокму овие денови ќе ви покажат колку нашиот живот всушност се врти околу храната

Денеска, денот по Прочка е чист понеделник и почнува големиот Велигденски пост со Тримери – деновите кога не се консумира никаква храна ниту течност.

Еднаш прашав еден од верниците кој со сопругата редовно ги постат сите пости, како издржуваат 3 дена без храна и пијалаци, но и си ги извршуваат секојдневните работни обврски. Рече дека нема голем проблем да се издржи физички неземањето храна, но дека е ужасно здодевно кога човек е лишен од секојдневните навики поврзани со храната.

На пример, замислете, се будите наутро и не можете да се напиете ниту вода, ниту кафе, ниту чај или смути или што и да ви е веќе дел од вашата утринска рутина. Одите на работа, се враќате и нема салата, нема ручек, нема ни соленко ни благичко, ни готвење ни ништо. Навистина, можете ли да замислите што би правеле да не мора да се храните и да се поите?!

Единствената добра работа е тоа што нема да имате ниту садови за миење.

Инаку, науката сега покажува колку може да биде корисно лишувањето од храна. Марк Матсон, актуелен шеф на лабораторијата за невронаука во „National Institute of Aging“ и професор по невронаука на Универзитетот Џон Хопкинс, одржа говор и презентација за постот во 2014. година.

Оваа практика покажа дека како последица од постот во организмот се создаваат нови матични клетки, се поправа ДНК, се победува ракот, Паркинсоновата и Алцхајмеровата болест и многу повеќе.

Исто така, интересно е да се забележи дека сите модели на калориско ограничување во студиите на животни покажале значителни научни придобивки и подобрувања, вклучително и подолг животен век.

Ослободувањето од храната и гладот навистина звучи нереално и според она што го знаеме за модерната биологија – невозможно. Меѓутоа, историјата на науката многупати ни покажала дека невозможното може да стане возможно за миг.

Науката ги проучувала луѓето кои тврдат дека не јадат. Оваа практика има и свој термин -.бретаријанство. Овој концепт не е нов; илјадници години различни култури ширум светот пишувале за оваа способност.

 Практичарите на оваа филозофија тврдат дека живеат само од светлина или прана и дека таквата „диета“ е достапна за секого штом ќе помине низ почетниот процес.

Тие тврдат дека кога телото е оставено да биде она што е и кога ќе престанеме да го менуваме со храната што ја јадеме, доаѓаме до бретаријанството и бесмртноста, но најважно е дека стануваме суштества кои можеме да бидеме. Откако еднаш ќе му дозволиме на телото да се саморегулира, поради активирање на одредени делови од ДНК, се јавуваат следните ефекти:

Секоја клетка е исполнета со светлина, бела светлина која сега тече низ телото и го храни. Светлината ги одржува клетките, не се потребни калории. Секоја клетка произведува енергија точно онолку колку што ѝ е потребно. Нема вишоци.

Но, да се вратиме на регуларните Велигденски пости. После тримерите, се почнува со посна храна. Според Типикот на Православната Црква се пости вака: за цело време на постот во сабота и недела е дозволена употреба на масло. Во останатите денови од седмицата (од понеделник до петок) не се употребува масло. Риба се употребува само на Благовештение и Цветници. Ако Благовештение падне пред Цветници, тогаш на денот после Благовештение се разрешува масло и вино.