Што е тофу и дали е здраво?

Фото: Pixabаy
2.861

Тофу е високо-протеински прехранбен производ, кој се произведува во процес на згрутчување на протеини од соја, едноставно, тофу е сирење од соја. Тој е богат извор на протеини, не е калоричен и содржи висок процент на минерали и витамини како што се магнезиум, железо и витамин Б.

Често се користи во исхраната во текот на разни диети и е познат и како замена за месо во исхраната на вегетаријанците.

Тофу е производ кој настанува од зрна на сирова соја.

Со варење на зрната соја и мешање со вода настанува млеко од соја. Откако мелената соја ќе се свари, се цеди, а тој продукт од цедењето е токму млекото од соја. Во него се додава адитив (магнезиум-хлорид) и тогаш се одвива постапката на згрутчување на протеините од соја. Така настанува тофу.

Тофу се произведува повеќе од 2 000 години. Настанал во Азија, од каде се шири и на другите континенти. Се смета дека будистичките монаси биле првите што консумирале тофу како дел од нивната строга, вегетаријанска исхрана.

Вистина е дека тофу може да биде слатко.

Постојат неколку видови тофу сирење од кои се издвојуваат свилено, чадено, пржено и ферментирано тофу. Свиленото тофу е многу кремасто, па затоа е одлично за правење вкусни десерти од чоколаден пудинг до пита со тиква или чизкејк. Исто така, добро служи и како додаток во смуди, заради густината и протеинската содржина.

Тофу е камелеон

Тофу е природно многу благ. Карактеристика која го прави камелеонска храна. Неговата употреба е сестрана затоа што се вклопува во сите вкусови, а ваш избор е како ќе го употребувате. Бидете креативни и искористете ги сите придобивки од тофу сирењето.

Помалку маснотии и холестерол

Во споредба со другите извори на протеини, тофу е незаменлив во исхраната. На пр. порција свинско месо содржи околу 24 гр маснотии, а во една порција тофу сирење добивате само 6 гр маснотии и 0г холестерол. Сирењето тофу има многу мала количина на заситени маснотии и не содржи холестерол.

Протеини

Најбогатите извори на протеини се намирниците од животинско потекло и млечните производи. Тоа се црвеното месо, месото од живина, јајца, морски плодови, млеко, сирење, јогурт… Тофуто е богат со лесно сварливи протеини и е погоден за сите на кои им е во исхраната потребна добра количина на протеини во нивната исхрана. Се препорачува за оние кои се на макробиотика, за вегетаријанци, спортисти, како и за секој кој се придржува до здрава исхрана или се на режим на редуцирана исхрана.

Аминокиселини

Тофу ги содржи сите есенцијални аминокиселини и тоа го прави единствен. Постојат 20 вообичаени аминокиселини, од кои 8-10 се есенцијални. Тоа значи дека организмот мора да ги внесува за да функционира. Сојата ги содржи сите есенцијални аминокиселини, такашто тофу е единствениот комплетен извор на протеини од растително потекло.

Здравје

Со додавање умерени количини тофу сирење во исхраната, се намалува ризикот од развој на рак, се намалува веројатноста за појава на кардиоваскуларни заболувања, се намалува холестеролот и се спречува атеросклерозата.

Фото: Pixabаy