Оваа чорба од брокули се прави толку брзо што слободно може да се каже дека е здрав фаст-фуд
Состојки:
1 главица брокули
1 кромид
1 лажица маслиново масло
Сол, бибер
Малку морско оревче
Приготвување:
- Исечкајте го ситно кромидот и ставете го во тенџере кадешто ќе додадете маслиново масло и ½ шолја вода и ќе го динстате додека не стане проѕирен.
- Потоа додадете ги цветовите брокула и прелијте ги со врела вода така за да ги прекријат. Додадете ги зачините и варете 3-5 минути. Измешајте се во блендер и по желба додадете си во чинијата 1 лажица павлака.