Хумус од цвекло – лек за црниот дроб

Фото: Unsplash
1.402

Цвеклото е зеленчук полн со хранливи својства, со антиоксиданти, влакна и супстанции кои го поддржуваат здравјето на црниот дроб, а познато е и по подобрување на процесот на детоксикација.

Оваа намирница со интензивна боја која е позната по своите лековити својства, е зеленчук полн со хранливи својства, со антиоксиданти, влакна и супстанции кои го поддржуваат здравјето на црниот дроб, а познато е и по подобрување на процесот на детоксикација. Денес ви носиме рецепт за хумус од цвекло кој ќе ви го оживее црниот дроб.

Иако намазот од цвекло можеби не звучи премногу вкусно, кога ќе го пробате, ќе се уверите во спротивното. Веб-страницата Chatelaine не уверува дека едноставно мора да го пробате овој намаз, ако не поради вкусот, тогаш поради сите лековити својства што ги носи.

Состојки:


2 цвекла со средна големина или 3 помали
1 конзерва наут
Сок од 1 ½ лимон
5 чешниња лук
½ лажичка сол
¼ шолја маслиново масло
¼ чаша вода
Варете го цвеклото додека не омекне, околу 40 минути. Откако ќе се свари, измијте го под млаз ладна вода, излупете го и исечете го на поголеми парчиња.

Сите состојки ставете ги во блендер, вклучете и оставете да се претвори во кремав намаз.

Послужете со чипс од зеленчук, крекери или свеж леб.