Просото не е само за птици: Оваа житарка е одлична за анемија, бубрези, дијабетес и рак

Фото: Pixabay
302

Некои народи со векови го користат просото како лек за многу заболувања, а кај нас, за жал, е главно познато како сиромашка храна или како храна за птици.

Денеска кога сме опкружени со безброј совети за здрава исхрана, многу суплементи, хроно рецепти, и што уште не, понекогаш човек треба да застане и да размисли како живееле луѓето порано. Секако, знаеме дека ниту природата не е она што некогаш била, но нејзините плодови и натаму остануваат подобри од било кои вештачки творби, со било каков облик.

Просото е всушност многу старо семе кое потекнува од пределите со сува клима, односно од Африка и северна Кина.

Содржи многу магнезиум и само една шолја просо дневно ќе подобри многу работи во вашиот организам, помеѓу другото, и редовната работа на срцето. Тоа се само некои од причините зошто би требало да го вклучите во секојдневната исхрана.

Просото ја намалува и можноста за астматични напади и ја намалува појавата на мигрени.

Основен рецепт за подготвување на каша од просо:

Прво измијте го просото и исцедете го. Во тенџере со средна големина ставете две ипол чаши вода, а кога ќе зоврие ставете една чаша просо.

Варете на слаба температура 15 минути, а потоа трнете го од оган и оставете го да стои во покриен сад уште 20 минути.

Можете да додадете и малку маслиново масло, како и некои зачини.

Ако сакате малку помека каша, потребно е да додадете малку повеќе вода и да го готвите 45 минути до 1 час. Ако сакате да биде покрцкаво, пропржете го пред да го сварите. Можете да го пржите во сува тава околу 3 минути. Потоа додадете вода и поклопете го. Подоцна просото можете да го додадете и во разни салати, а можете да го подготвите и следниот ден за појадок со млеко, мед и цимет.

Каша од просо против анемија

Во 100 грама просо има 9 мг железо, што го вбројува во добрите намирници за превенција и лечење на анемијата. Поради значајниот процент на железо, просото треба да се користи за превенција на анемијата.

Сварете го просото во два ипол пати повеќе млеко од соја.

На крајот додадете мелени бадеми (седум), суви вишни или брусници и свежо цеден сок од портокал.

Просо за бубрезите

Една од најдобрите намирници за чистење на бубрезите, но и кај појава на камен или песок во бубрезите. Кај уринарните инфекции има позитивно дејство и го поттикнува исфрлањето на урината. Може да се користи во облик на напиток или во облик на каша.

Ставете 200 г просо во поголема тегла (3 литри) и во неа ставете сварена вода до 2/3 од теглата. Оставете ја да стои во текот на ноќта, а утрото ќе се создаде бледа течност, која ќе претставува совршен лек за било кој проблем во врска со бубрезите.

Просото како лек за дијабетес

Познато е дека не содржи глутен, а освен тоа, го регулира нивото на шеќер во крвта, а влијае и на многу дрги заболувања. Траењето на терапијата за лекување на дијабетес е 20 дена.

Кашата се спрема од просо, вода и свежа тиква.

Потребно е да се свари 250 г излупено просо во 1 л вода, а кога просото ќе омекне, додадете 20 грама свежа тиква која претходно ќе ја изрендате. Сето тоа заедно треба да се вари уште 20 минути, на послаб оган. На крајот може да се додаде малку масло и сол по желба.

Превенција на рак од дојка

Безглутенската житарка има значително влијание на превенција од рак на дојка.

На жените им се препорачува заради превенција да јадат 30 грама просо на ден. Најдобра заштита даваат цели зрна.

Просото го намалува и ризикот од астма кај децата

Со помош на истражувања е докажано дека целите зрна просо го намалуваат ризикот од појава на астма кај децата. Направени се истражувања во врска со исхраната и докажано е дека оние кои консумираат просо, во повеќето случаи немаат симптоми на астма ниту било какви други слични симптоми.