Чајот од маслинови лисја има повеќе антиоксиданти од зелениот чај

Фото: Unsplash
390

Направете чај од суви лисја од маслинка и решете повеќе здравствени проблеми. Имено, според најновите истражувања, чајот од маслинови лисја има повеќе антиоксиданти од зелениот чај, кој е познат како еден од најдобрите.

Иако при самата помисла на маслинките сите си ги замислуваме овие вкусни и здрави плодови, имајте на ум дека освен плодовите, исклучително корисни и лековити се и листовите од маслинката.

Историјата на ова растение е многу стара, бидејќи станува збор за дрвја кои можат да живеат и до 3000 години. Подготовки од листовите од маслинка користеле и старите Египјани, а во Библијата се споменува повеќе од 1000 пати.

Листот од маслинка е богат со многу лековити својства. Најактивното соединение во листовите на маслинката, кое главно е поврзано со нејзиното терапевтско дејство, се нарекува олеуропеин (горчлив монотерпен глукозид). Токму ова соединение и производите од неговата хидролитичка деградација го имаат вистинскиот антибактериски ефект.

Листот од маслинка помага при пневмонија, гонореја, туберкулоза, грип, менингитис, хепатитис Б, херпес, итн. Помага и при воспаление на уринарниот систем, но и при хируршки инфекции. Докажано е дека листот од маслинка истовремено спречува и габични инфекции.

Соединенијата во листот од маслинка го зајакнуваат имунолошкиот систем, ја подигнуваат енергијата на организмот, имаат антивирусно, антипаразитско, антибактериско и антигабично дејство, намалуваат или дури елиминираат многу здравствени проблеми, го намалуваат крвниот притисок, шеќерот во крвта и лошиот холестерол (ЛДЛ).

Рецепт за чај:

За шолја чај од 2 до 3 дцл потребни ви се 15 до 20 суви листови маслинка. Оставете ја водата да зоврие, додадете ги листовите и варете уште 2 до 3 минути. Оставете ги листовите да отстојат во водата уште 10 минути, па отстранете ги. Не е добро листовите да останат предолго во вода.

Можете да го пиете чајот ладен или топол со мед, лимон или без ништо. Пијте го секој ден за да почувствувате подобрувања за различни заболувања. Се препорачува даа се пие и превентивно. Има благ вкус.

Листовите за чајот е најдобро да се берат во пролет кога се млади. Измијте ги и исушете ги на воздух, а можете да ги чувате во затворен сад.