Производи кои е најдобро да ги купувате замрзнати

Фото: Unsplash
417

Некои намирници имаат поголема хранлива вредност кога се замрзнати отколку кога се свежи, а во оваа варијанта ни се достапни и кога не им е сезона.

Понекогаш замрзнатата храна има поголема хранлива вредност од свежата, а ниските температури ќе го спречат нејзиното расипување.

Исто така, ќе можете да ги консумирате и надвор од сезоната, а овие намирници заради тоа, но и заради други причини, е подобро да се јадат замрзнати отколку свежи.

Зрнесто овошје

Малините, јагодите и боровинките се слатки летни плодови, но не е невообичаено да фати мувла уште додека е на полиците во продавниците.

Од друга страна, замрзнатото овошје нема да биде погодено од мувла и ќе биде подготвено за консумирање дури и кога не му е сезона.

Грашок

Замрзнатиот грашок содржи повеќе хранливи материи од свежиот грашок, бидејќи свежиот грашок губи витамини и минерали во рок од неколку часа или денови по бербата. Замрзнатата верзија, пак, се бере, подготвува и замрзнува во моменти кога хранливата вредност на грашокот е најголема.

Брокула

Хранливата вредност на брокулата не се менува со замрзнувањето, но свежата брокула наскоро ќе стане бледа и опуштена. Замрзната, ќе остане свежа со недели.

Мелено говедско месо

Меленото говедско месо се расипува побрзо од цело парче месо бидејќи таквото месо е повеќе изложено на кислород. Во оваа форма, месото е повеќе изложено на бактерии кои брзо се размножуваат, додека замрзнатата верзија нема да дозволи формирање на бактерии.

Манго

Клучниот проблем при изборот на манго е неговата кратка состојба на совршена зрелост. Но, прехранбените компании знаат кога е најдоброто време да се набере овошјето и да се замрзне, па замрзнатата варијанта е многу подобар избор од свежата.