Иако е раширено верувањето дека кафето го зголемува крвниот притисок, не постои истражување кое ќе потврди дека е тоа вистина.
Експертите од Германската фондација за срце велат дека можете без страв да пиете најмалку четири шолји кафе дневно, дури и ако страдате од висок крвен притисок. Тие истакнуваат дека не постојат научни докази дека кофеинот е лош за хипертензија.
Кафето може накратко да го подигне крвниот притисок бидејќи кофеинот го стимулира кардиоваскуларниот систем и ги забрзува отчукувањата на срцето, но тоа најчесто се случува доколку не сте навикнати на кофеин.
Покачувањето на крвниот притисок е помало кај луѓето кои редовно пијат кафе. До тој ефект доаѓа по редовно пиење кафе во текот на една до две недели, се вели во соопштението на Германската фондација за срце.
Можеме да пиеме многу повеќе кафе отколку што мислиме
Ова важи и за зелениот и црниот чај, со оглед на тоа што и тие се стимуланси.
Сепак, треба да се обидете да се ограничите на пиење максимум 400 мг кофеин дневно доколку размислувате за здравјето на срцето, вели Германската фондација за срце.
Тоа е повеќе отколку што повеќето луѓе веројатно пијат – околу четири до пет шолји филтер кафе на ден.
Ако навистина планирате да го измерите вашиот крвен притисок, направете го тоа пред или околу 30 минути по пиењето кафе за да бидете сигурни дека нема да влијае на мерењето.
Во меѓувреме, обидете се да избегнувате апчиња со кофеин, советува Германската фондација за срце, со оглед на тоа што тие можат негативно да влијаат на крвниот притисок.