Овие делови од пилешкото никако не смеете да ги јадете! Хормоните се вбризгуваат во крилцата и вратот!

Фото: Pexels
525

Кинеските експерти советуваат да не се користат кожата, главата, како и крилцата и вратот, бидејќи во овие делови од пилешкото се акумулираат сите штетни материи што животното ги јаде во текот на својот живот, а во крилцата и вратот се вбризгуваат хормони доколку пилешкото не е од органско потекло

Пилешкото е едно од најпопуларните меса, а причината е неговиот благ вкус без силен мирис, но и цената која е попристапна од, на пример онаа на говедското или телешкото месо.

Бонусот е што ова месо е богато со различни хранливи материи, корисни за здравјето на организмот. Сепак, според една неодамнешна кинеска студија, не се сметаат сите делови од пилешкото за добри за човечкото тело.

Благодарение на искуството на бројните готвачи кои своето готвачко искуство им го пренеле на експерти, како и знаењето на технолозите, откриено е кои делови од пилешкото не треба да се консумираат бидејќи се штетни за здравјето.

Значи, кога јадете пилешко, подобро е да не ја консумирате кожата, која целосно се состои од маснотии и покрај тоа, може да содржи и голем број бактерии.

Исто така, препорачливо е да не се јадат белите дробови, бидејќи дури и високотемпературната термичка обработка не е во состојба целосно да ги отстрани сите паразити од нив.

Кинеските експерти советуваат и да не се користи главата (која кај нас ретко се користи), крилцата и вратот, бидејќи на овие делови од пилешкото се акумулираат сите штетни материи што животното ги јаде во текот на својот живот, а во крилцата и вратот се вбризгуваат хормони доколку пилешкото не е од органско потекло, известуваат студиите спроведени во Кина.

Високото количество на протеини што го содржи белото месо му помага на телото да изгради мускули, додека фактот што е екстремно нискокалорично го прави совршена храна за диететски режими.