Нов предизвик: Направете Демогоргон пица и изненадете ги своите тинејџери!

493

Во првата сезона на ТВ серијата на Нетфликс, Stranger Things, Демогоргон се појавува како еден од главните непријатели на младите протагонисти. Иако е грдо чудовиште, сепак може да биде инспирација, дури и за пица, нели?

Интригантната ТВ серија на Нетфликс, Stranger Things, привлече многумина во светот на овие популарни американски тинејџери, а нејзината популарност не е ништо помала и меѓу нашите млади, но и меѓу повозрасните кои ја следат серијата што во текот на своето 6-годишно постоење стана еден од најгледаните наслови на Нетфликс. Како еден од главните непријатели на младите прорагонисти во оваа серија, уште во првата сезона, се појави тој, Демогоргон.

И така, дојдовме до темата на нашава пица. Всушност, пицата е дело на Габриела Новотни, која инаку ја знаеме како д-р Габриела Новотни, од Клиниката за неврологија, но многу помалку знаевме за нејзините кулинарски вештини.

Благодарение на нејзината 11-годишна ќерка Гала, инаку верен фан на серијата Stranger Things, неодамна го откривме и овој друг дел од животот на убавата докторка, нејзината вештина за готвење, особено кога станува збор за разни чудесии од тесто.

Токму така, по желба на Гала, таа ја направила и оваа Демогоргон пица, која мора да признаеме, изгледа навистина демогоргонски.

А кога вашето мало слатко девојче ќе ви побара пица со ликот на најодвратното чудовиште од ТВ екраните, време е да ја покажете сета своја креативност.

Затоа, баталете ги нежните маргаритки, во тренд е сега грозниот Демогоргон. Ако и вашите тинејџери се далдисани по серијата, изненадете ги и прифатете го нашиот предизвик – направете и вие Демогоргон пица.