Освен она што го тврди традиционалната медицина, ефектот на коријандерот врз луѓето не е доволно истражен во модерната наука. Сепак, според досегашните студии, коријандерот може да помогне во регулирањето на нивото на шеќер во крвта и да го зајакне имунитетот. Исто така, ова растение е богат извор на антиоксиданти, па затоа е корисно за кардиоваскуларниот систем и за мозокот.
Водата од коријандер е традиционален тоник кој се добива со варење семки од коријандер или со натопување на семе од коријандер во вода.
Коријандерот е популарен зачин кој кај нас се додава во супи и други јадења. Исто така, коријандерот е и билка која се користи во медицински цели илјадници години во традиционалниот систем на Ајурведата. Водата од коријандер може да биде необичен, освежителен и хранлив пијалак во текот на целата година.
Придобивките од водата со коријандер
Освен она што го тврди традиционалната медицина, ефектот на коријандерот врз луѓето не е доволно истражен во модерната наука. Меѓутоа, правени се истражувања ин витро и на животни и тие истражувања покажуваат дека коријандерот може да помогне во регулирањето на нивото на шеќер во крвта и да го зајакне имунитетот. Исто така, ова растение е богат извор на антиоксиданти, па затоа е корисно за кардиоваскуларниот систем и мозокот.
Иако се потребни повеќе истражувања за конкретно да се потврдат придобивките од водата со коријандер, самата билка е позната по тоа што го помага варењето, а многу е веројатно дека има и други здравствени придобивки. Посебно во пролет наместо чиста вода би можело повремено да се користи вода од коријандер, што веројатно ќе помогне за природна детоксикација на телото.
Како да ја направите
Истурете лажица семки од коријандер во бокал или во шише. Наполнете го садот со вода до врвот. Оставете во фрижидер преку ноќ да се натопат семките во водата, додека водата не добие светло кафена боја. Потоа процедете ја водата и пијалакот е готов!