Ако имате холестерол, заборавете на џигерчиња: Следете го правилото „пет порции“

Фото: Freepik
288

Оние кои имаат висок холестерол треба да избегнуваат во исхраната црн дроб и генерално, внатрешни органи, бидејќи тие можат да го зголемат нивото на маснотии во крвта, тврдат британските лекари.

Високиот холестерол често е резултат на нездрав начин на живот. Сите знаеме дека високите вредности на холестеролот во крвта се предуслов за кардиоваскуларни заболувања. Овие масти во крвта можат да бидат наследни, но често се резултат на нездрав начин на живот. Редовното вежбање, а понекогаш и земањето лекови може да помогне да се намали нивото на лошиот холестерол, а лекарите советуваат посебно да внимаваме на исхраната.

„Оние кои имаат висок холестерол треба да избегнуваат во исхраната црн дроб и генерално, внатрешни органи бидејќи тие можат да го зголемат нивото на маснотии во крвта“, тврдат британските лекари.
„Храната од животинско потекло содржи малку холестерол, но тоа не значи дека луѓето со висок холестерол мора да се свртат кон вегетаријанска исхрана“, тврдат лекарите и посочуваат дека најдобро е во исхраната да внесувате многу зеленчук и овошје.

Зеленчукот, мешунките (како грашок, грав и леќа), овошје, јаткасти плодови, семиња и цели зрна се преполни со хранливи материи и се добри за холестеролот и срцето. Јадете најмалку пет порции овошје и зеленчук на ден (околу една шака на секој оброк) за да останете здрави“, тврдат лекарите и потсетуваат дека консумирањето мрсна храна може да ги затне артериите, што може да доведе до срцеви заболувања и други здравствени проблеми.
„Многу е важно да станете свесни за тоа што јадете. Можете да фотографирате или да запишете што сте јаделе во текот на денот. Промената на вашата исхрана може да биде огромна задача, затоа почнете со мали работи. Да речеме наместо да грицкате чипс, јадете овошје“, велат лекарите.

Вкупниот холестерол кај возрасните треба да биде помал од 5,2 mmol/L, граничните високи вредности се од 5,2 до 6,2 mmol/L и високите, над 6,2 mmol/L.