Tемјанушките се предвесници на пролетта, ама и лек: Најмногу се користат за лекување на воспаленија на дишните органи и цревата

Фото: Pexels
271

Темјанушките содржат фенолни гликозиди, сапонини, флавоноиди и слуз, што им дава лековити својства. Дејствуваат противвоспалително, против болки, помагаат при искашлување, ја намалуваат покачената телесна температура…

Темјанушките најчесто растат во листопадни шуми, а се појавуваат со првите зраци на пролетното сонце. Но, можеби не сте знаеле дека освен што се предвесници на пролетта, па почнуваат да цветаат веќе кон крајот на февруари, темјанушките се и лековити.

Најмногу се користат за лекување на воспаленија на респираторниот тракт и цревата. Содржат фенолни гликозиди, сапонини, флавоноиди и слуз, што им дава лековити својства. Дејствуваат противвоспалително, против болки, помагаат при искашлување, ја намалуваат покачената телесна температура…

Истражувањата покажале дека темјанушката го запира растот на малигните клетки на ракот. Содржи салицилна киселина, која е составен дел на аспиринот и е ефикасна во лекувањето на главоболки, мигрена и несоница.

Има антибактериско дејство, а се користи и за кожни воспаленија, отоци, делува против болки и како седатив.

Чај од темјанушки
Чајот од темјанушки се користи против кашлица, голема кашлица, таложење на слуз, астма, бронхитис и пневмонија.

Чајот се подготвува од листови и цветови, кои се собираат во март и април, а се сушат во сенка на прозрачно место. Една кафена лажичка од смесата е доволна за шолја чај.

Маста од темјанушки е лек за рани, се препорачува за невродерматитис, изгореници и за теменицата кај доенчиња, како и за отстранување на лузни. Се користи и против воспаление на дојки, но и против рак на дојки и против метастази по операција на рак на дојка.

Сируп од темјанушки
Сирупот го зајакнува срцето и ја лекува несоницата, а за него ви се 90 грама цветови, 120 грама шеќер и 1,5 литри вода. Цветовите без цветната чашка ставете ги во тенџере и прелијте ги со врела вода. Покријте и оставете да отстои 24 часа. Потоа процедете и додадете шеќер. Загрејте на тивок оган со постојано мешање додека шеќерот целосно не се раствори. Штом сирупот ќе почне да врие, тргнете го од оган и оставете го покриен да се излади.

Потоа претурете го во чисто стаклено шише, затворете цврсто и чувајте го на темно место. Помага при кашлица, несоница и проблеми со срцето.