Некои податоци велат дека црниот грав (и воопшто гравот) може да го намали ризикот од срцеви заболувања за дури 82 проценти. Гравот, како и другите мешунки, е омилено јадење на вегетаријанците и веганите бидејќи го надоместуваат недостатокот на протеини во исхраната
Во категоријата суперхрана, односно намирници кои имаат особено благотворно влијание врз здравјето, спаѓаат најразновидни и егзотични намирници, но и едноставни, секојдневни и толку вообичаени во исхраната. Една од нив е гравот. Полн е со влакна кои го штитат срцето. Тој е исто така богат со протеини – според Американското здружение за дијабетес, половина шолја грав има иста количина на протеини како и 300 грама месо. Покрај протеините и сложените јаглехидрати, гравот содржи и важни витамини и минерали како фолна киселина, манган, калиум, железо, фосфор, бакар и магнезиум. Протеините во гравот им помагаат на мускулите во нашето тело, а сложените јаглехидрати обезбедуваат постојан извор на енергија. Помеѓу бел грав и други видови грав, изберете ги другите видови бидејќи содржат антиоксиданти и изофлавони, кои се моќно соединение кое спречува неколку видови на рак, пред се на дебелото црево, го намалува ризикот од срцеви заболувања, ја подобрува јачината на коските и здравјето на простатата и ги олеснува симптомите на менопауза.
Натопување пред готвење
Иако за гравот се пишувало во најстарите пронајдени записи, старите Египќани го засадиле уште пред Тутанкамон, а го јаделе старите Грци во Европа и Индијанците во Америка, во последните години црниот грав го привлекува вниманието на научниците. Имено, се смета дека успешно го спречува ракот на дебелото црево преку одржување на здрав дигестивен систем. Полн е со хранливи материи како минералот молибден кој учествува во метаболизмот и витамините Б9 и Б1, влакна, триптофан (неопходна аминокиселина во човечката исхрана), манган, протеини, магнезиум, фосфор и железо. Некои податоци, исто така, велат дека црниот грав (и воопшто гравот) може да го намали ризикот од срцеви заболувања за дури 82 проценти. Гравот, како и другите мешунки, е омилено јадење на вегетаријанците и веганите бидејќи го надоместуваат недостатокот на протеини во исхраната, а често се подготвуваат во комбинација со житарки. Гравот треба да се натопи пред да се готви бидејќи полесно ќе се вари. Не се препорачува да се јаде сиров бидејќи некои видови грав може да содржат токсични материи кои се уништуваат со термичка обработка, и тоа по десет минути. На повеќето мешунки им треба подолго време за да се зготват.
Зошто имаме гасови после грав?
Гравот содржи и влакна – олигосахариди, кои се состојат од три до пет молекули на шеќер поврзани така што телото не може да ги вари или апсорбира. Нашето тело не може самостојно да ги раствори олигосахаридите, но бактериите кои живеат во цревата тоа го можат и токму тие при ова произведуваат метан, од кој телото само се ослободува. Може да си помогнете ако добро го измиете гравот, натопете го ноќта пред да го готвите, сменете ја водата и додадете ким и анасон. Сето ова може да ја намали надуеноста по консумирањето мешунки.