Кога имате бозел во дворот, не само сок и чај, направете и ликер
Нема кој не сака сок од бозел, а веројатно сите нас не потсетува на детството. Но она што досега не сме пробале, барем ние дома, е ликер од бозел. Идејата ја добивме од нашата читателка Викторија Симиќ која вели дека бозел во нејзината градина има толку многу што таа постојано барала уште нешто што може да се направи со него. Годинава за првпат, покрај сок, направила и ликер.
Нема кој не чул за бозел, а речиси сите не потсетува на детството кога речиси во секоја куќа се служеше сок од бозел. Познато е дека бозелот лекува грип, кашлица, затнати синуси, бронхитис, астма и алергии, го поправа имунитетот, а помага и кај дијабетес и запек. Наводно, од црн бозел се прави и лек за рак.
Вкусот е незаборавен, а уште кога домашниот сок од бозел убаво ќе се олади и ќе се помеша со сок од лимон и кисела вода, ќе добиете и вкусен газиран пијалак, кој нашите мајки го викаа „домашен швепс“.
И еве токму сега, во мај, бозелот цвета, а оние на кои им расне во дворот, ги сметаме за вистински среќници. Токму таква е и нашата читателка Викторија Симиќ која вели дека го има толку многу што секоја година во ова време само се мисли што се може да направи со него. Годинава, за првпат, освен сок и нешто за сушење за чај, таа направила и ликер од бозел.
Основно е да се одвојат само цветовите и потоа да се стават во тегли кои се дополнуваат со вотка. Се затвараат и се оставаат да отстојат околу две недели. Колку повеќе цветови од бозел пикнете во теглите, толку ќе биде поароматичен ликерот.
После 2 недели кога ќе го процедите ликерот, додадете шеќер или уште подобро, мед и имате навистина совршен пијалак.
Луѓето порано го користеле бозелот токму поради неговите здравствени придобивки, а притоа уживале и во исклучително вкусните напитоци.
Всушност, за бозелот велат дека е една од најлековитите билки на светот затоа што содржи големи количини флавоноиди, каротен, витамин Ц.
Чај против кашлица
Чајот од суви цветови бозел лекува упорна и сува кашлица. Овој чај можете да им го давате и на деца, но претходно сепак посоветувајте се со лекар. Сѐ што треба да направите е цветовите бозел да ги исушите на темно и суво место, кога ќе се исушат да ги здробите и да ги чувате во стаклен сад за чај.
Сок од бозел
Во 1 литар ладна вода потопете 20 цветови свеж бозел. Нека стои на ладно место (но не во фрижидер) 24 часа. Исцедете, додадете 800 г шеќер и сок од 1 лимон и оставете да стои уште 24 часа. Повремено измешајте за да се растопи шеќерот. Исцедете преку двојна газа и ставете го во шишиња. Се разбира, овој сок се пие разреден со вода, а можете да користите и газирана вода.
Црн бозел, лек против рак
Еден човек од Бугарија неодамна направи вистински метеж тврдејќи дека лекот од црн бозел му помогнал да го победи ракот. Црниот бозел расте околу речните канали и дава плод кој потсетува на боровинки. Плодовите созреваат кон крајот на август и почетокот на септември. Плодот треба да биде добро узреан за да ги има лековитите својства. Кога ќе ги наберете бобинките, измијте ги и ставете ги во тегли, редејќи наизменично еден ред бобинки, па еден ред шеќер, додека теглата не се пополни до врвот.
Чувајте ја теглата на место кадешто има сонце за да може да дојде до вриење. После две недели, теглата треба да се затвори и да се стави во фрижидер.
Можете да направите 2, 3 или 4 тегли, но мора да имате најмалку две за да имате доволно од овој лек до следната година. Земајте најмалку 1 лажичка секое утро на празен стомак, 10 минути пред оброкот.
Наводно, токму на овој начин приготвениот црн бозел бил лекот за рак.