Што да правите кога во брашното нешто ќе ви промрда?

Фото: Freepik
301

Иако вашето пакување брашно има рок на траење и воопшто не е отворено, најдете малку време и пред да го употребите, просејте го. Дури и ако најдете некое црвче, не мора да го фрлите брашното. Доволно е да го фрлите црвчето, а просеаното брашно можете слободно да го употребите.

Дали некогаш ви се случило, иако има рок на траење, а пакувањето не е воопшто отворено, во брашното кое сте го зеле од кујнскиот плакар за да направите нешто, наеднаш нешто да промрда? Кога ќе загледате повнимателно и ќе видите дека станува збор за црвчиња, сигурно првата работа што ви паѓа на памет е да го фрлите право во канта за ѓубре.

И тогаш веројатно ќе ви помине низ мислите сликата на баба ви како полека и смирено го сее брашното од вреќата, а дури потоа почнува да меси со него или да прави некој колач.

Зошто нашите баби секогаш го сееја брашното пред да почнат да прават нешто со него?

Прво, ако ги запрашате и оние кои се најстручни, познатите шефови, ќе ви кажат дека сите состојки во прав, значи, не само брашното, туку и гризот и какаото во прав, шеќерот во прав,…прво треба да се просеат затоа што не е воопшто добро кога во вашите колачи, мафини, палачинки и слично, ќе најдете грутчиња од истите состојки.

Но, освен ова, може да се случи во нив да најдете и некое црвче. Сетете се тогаш зошто вашата баба секогаш пред да почне да прави нешто го сеела брашното.

И иако вашето пакување брашно има рок на траење, а воопшто не е отворено, сепак најдете малку време и пред да го употребите, просејте го. Дури и ако најдете некое црвче, не мора да го фрлите брашното. Фрлете го само црвчето, а брашното слободно употребете го.

Па на крајот на краиштата, сигурно некогаш сте јаделе цреши со црвчиња, или сте застанале токму кај тезгата на онаа бабичка која наместо совршени големи јаболка, продава црвливи и малечки јаболчиња за кои знаете дека се непрскани и природни.

Зошто тогаш не би си го употребиле брашното откако ќе го просеете?