Додека оние кои се против млечните производи предупредуваат дека полномасното млеко, путерот и сирењето се богати со калории и заситени масти и можат да доведат до низа здравствени проблеми, една глобална студија го потврди спротивното. Научниците заклучуваат дека полномасните млечни производи можат да го спречат континуираното и разорно зголемување на хроничните болести.
Сирењето, рибата, полномасните млечни производи, мешунките, јаткастите плодови и зеленчукот се од суштинско значење за намалување на ризикот од срцев и мозочен удар, покажа големата анализа која опфати речиси 147.000 луѓе. Исто така, иако често се поврзува со рак и проблеми со срцето, се вели дека и црвеното месо е дел од здравата исхрана доколку се јаде умерено.
Додека оние кои се против млечните производи предупредуваат дека полномасното млеко, путерот и сирењето се богати со калории и заситени масти и можат да доведат до низа здравствени проблеми, една глобална студија го потврди спротивното. Научниците заклучуваат дека полномасните млечни производи можат да штитат од прерана смрт. Според истото истражување, непреработеното црвено месо и другите производи од животинско потекло исто така имаат корисен ефект врз здравјето.
Оптимална здрава исхрана
Пишувајќи во European Heart Journal, истражувачите велат дека оптималната здрава исхрана, наречена PURE, вклучува две до три порции овошје дневно, две до три порции зеленчук дневно, три до четири порции мешунки неделно, седум порции јаткасти плодови неделно, две до три порции риба неделно и 14 порции млечни производи (најчесто полномасни, не вклучувајќи путер или шлаг) неделно. Тие наведуваат и дека умерени количини на цели зрна и непреработено месо може да се консумираат еднаш дневно. Ова може да вклучува едно парче леб, половина чаша варен ориз, јачмен или киноа и приближно 85 грама варено црвено месо или живина.
„Треба да им дадеме поголем приоритет на јаткастите плодови, рибата и полномасните млечни производи како природни заштитници од висок крвен притисок и метаболички синдром“, предупредува главниот автор на студијата д-р Ендрју Менте.
Оваа голема студија на Европското здружение на кардиолози довела до промена и преиспитување на упатствата за исхрана кои досега сугерираа избегнување на полномасни млечни производи. Позитивниот ефект и моќта на исхраната која вклучува, меѓу другото, полномасни млечни производи, како што наведуваат, ќе го спречи континуираното и разорно зголемување на хроничните болести.
Дополнително, релевантноста на студијата, покрај големиот број учесници, ја поткрепува и фактот што таа била спроведена со доволна застапеност на земјите со висок, среден и низок приход.