Имаме нов летен фаворит меѓу рецептите: хумус со домати

Фото: Pexels
430

Тоа е еден од оние рецепти, кои се вкусно, можеби малку поразлични од класичните јадења, а во исто време, не бара многу мака.

Иако хумусот, препеченото лепче и доматите се намирници кои редовно ги консумирам, не ми паднало на памет да ги комбинирам заедно. Се додека не го видов овој рецепт на Инстаграм за хумус со домати: толку едноставно, а толку вкусно. Тоа е еден од оние рецепти, нешто вкусно, можеби малку поразлично од класичните јадења, а во исто време, не бара многу мака. И затоа, ново јадење на трпезата за домашни дружења е хумусот со домати.

Хумус со домати и препечен леб

Рецептот за хумус со домати го објавила Ела Милс, претприемачка и авторка на бестселери кој стои зад профилот Deliciously Ella. Нејзиниот Инстаграм нуди прилично едноставни, а според она што може да се види – исклучително вкусни јадења, базирани на растителна храна. Хумусот со домати е еден од рецептите од нејзината апликација, во која носи повеќе од 1000 едноставни, здрави рецепти базирани на растителна храна, а времето на неговата подготовка е навистина кратко.

Состојки за хумус со домати:
За запечени домати:

околу 200 грама шери домати, преполовени
малку маслиново масло
3 чешниња лук, исечени
прстофат морска сол и црн пипер
грст свеж босилек

За хумусот:

1 конзерва наут (400 гр), исцедена
1 чешне лук, излупено
100 мл маслиново масло
сок од 1 лимон
1 лажичка мелен ким
1 лажица таан
прстофат сол

Приготвување:
Во тавче на средна температура ставете малку маслиново масло, додадете ги доматите и пржете ги пет минути додека не омекнат. Додадете го лукот и пржете 30 секунди додека не замириса.

Додека доматите се ладат, подгответе го хумусот. Во повеќенаменски процесор за храна ставете наут, лук, сок од лимон, мелен ким, таан и маслиново масло. Мешајте додека не се изедначи и посолете по вкус.

Сервирајте во широк сад, врз хумусот ставете домати и посипете со свеж босилек. Надополнете го хумусот со домати и со парче свеж или препечен леб.